16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев за инцидентот со Левица во Прилеп: Ако имале четири отсто рејтинг,...

Заев за инцидентот со Левица во Прилеп: Ако имале четири отсто рејтинг, сега имаат два отсто

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Алсат изјави дека жали за вчерашниот инцидент во кој учествува членови на Левица во Могилата на непобедените во Прилеп, велејќи дека „во слободата се случуваат работи кои што на секој му даваат за право да преземе непријатни активности, а Левица го направи тоа вчера“.

<

„Кога имате слобода, тоа може да предизвика непријатни ситуации. На вака поставена влада, јасно се гледа определбата за слобода. Определбата на институциите да ги остават таму е делот на слободата и слободната волја. Тоа беше окупиран простор, кој што е во право на сите луѓе. Сите фашисти и во минатото окупирале и сега окупираат. Ако Левица имала четири проценти, сега има два проценти рејтинг меѓу граѓаните“, рече Заев, кој додаде дека себеси се смета за „еден од лидерите во борбата за слобода и демократија во ова општество“.

Членови и активисти на Левица вчера предизвикаа инцидент пред меморијалниот комплекс „Могилата на непобедените“, кога владината делегација полагаше цвеќе во чест на загинатите, на одбележувањето на 80-годишнината од Денот на востанието.

„Зоки немаш лице да се појавиш овде. Му се посра на сите што се овде загинати. Треба да си славите уште еден празник таму во Бугарија, не овде“, зборуваше еден од активистите додека премиерот Заев се поклонуваше пред споменикот.

Премиерот на тоа одговори со зборовите: „Посетете си психијатар“, на што активистот на Левица му рече: „Да појдеме заедно ако сакаш?“.
Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...