15.6 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаХрабри и истрајни: Горде и Александар, брачни и бизнис партнери

Храбри и истрајни: Горде и Александар, брачни и бизнис партнери

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден часот попладне, 23 јануари.
Судејќи според времето надвор, саботава не ветува многу, но мислите ми се насочени кон нешто друго — мојот прв разговор со Горде, жена чија животна приказна сум нестрплива да ја слушнам.
Договорената Viber средба со Горде треба да започне секој момент. Додека ја чекам да ми се јави, ја забележувам нејзината фотографија на Viber — таа и нејзината ќерка, безгрижно насмеани.
Се обидувам да најдам некој траг на нејзиното лице од картите кои и ги поделил животот, ама не успевам. Ме потсетува на тетка Светле, мајката на моја Гага и уште еднаш ми се потврдува теоријата — ништо од тешкотиите на овие луѓе нема да забележам на нивните лица оти се прескромни да го покажат тоа на светот.
Горде ќе ми ја раскаже својата животна приказна и како успеала со својот сопруг Александар во едни мачни времиња да отвори книжарница и да ги руши сите предрасуди на кои налетувала цел свој живот.
Но прво, ќе си позборуваме со неа за нејзините борби, од кои најголем дел се одвивале во тишина.
Како светот ја пречекал Горде?
Родена во Битола, Горде ја осознала тешкотијата на животот уште од мала.
На осум месечна возраст таа се разболила од грип. Докторите ја лекувале со пеницилин инекции и на четвртата инјекција, таа качила висока температура. За мало бебе како неа, високата температура можела да биде скоро погубна, но Горде не се предала — уште од тогаш си го имала храбриот дух.
Сепак, по извесно време, нејзината мајка забележала промени во телесниот изглед на своето бебе. Десната страна не и се развивала како што вообичаено би требало.
Барајќи помош од докторите, мајка и на Горде налетувала на мислења дека, едноставно, таа е левичарка и дека нема потреба од кревање поголема паника. Неоткажувањето на мајка и да најде решение за здравјето на нејзиното дете ја однело до ординациите на доктори кои ја дале конечната дијагноза на Горде — церебрална парализа на десна страна на телото.
Едно неминовно решение за подобрување на состојбата била операција, која, во исто време, звучи и надежно и застрашувачки за малата Горде. И покрај тоа што таа до својата втора година не проодила, со операцијата болеста застанала, како што вели таа самата.
Горде и јас не разговаравме премногу за нејзиното детство. Иако таа оддава впечаток на човек кој ужива да се социјализира и сака да биде околу луѓе, детските години биле близу измачувачки за создавање другарства. Децата не гледаат бои, не се пристрасни ниту осудувачки настроени, но се премногу искрени и знаат да ја вербализираат секоја различност на која сведочат, особено ако е физички забележлива.

<

Чувството на припадност кое кај многу деца доаѓа природно, кај Горде било скоро недостижно, почнувајќи од најрана возраст, па се до последните денови на гимназискиот живот.
За себе вели дека била ученик жедна за стекнување знаење. Таа љубопитност ја прати од мали нозе и подоцна во животот, ја носи на патишта за кои таа, своевремено, не ни помислувала.
Горде завршила средно графичко образование во Битола и периодот по матурата го карактеризира како еден од најтешките во нејзиниот живот. Кога зборува за тие години, на нејзиното лице се забележува тагата и тешкотијата низ која минувала. Две години ѕидовите од нејзината соба биле единствени кои сведочеле на промената која се случувала кај Горде.
Од девојка која сакала несебично да го троши своето време создавајќи спомени со други луѓе, таа се поретко го напуштала домот. Нејзината сестра била најголемата поддршка и на нејзина иницијатива Горде почнала почесто да се социјализира.

Во ретроспектива, периодот по завршување на средното образование е време кога донесуваме значајни одлуки кои ќе влијаат на текот на нашиот живот и тоа не било исклучок за Горде.
Цела среќа е што Горде имала мала помош од универзумот.
Мобилност — Шансата за подобар живот
Токму во тоа време, кога на Горде и било тешко да најде мотивација да се радува на животот, сосема случајно таа открила дека во Мобилност, здружение во Битола за лицата со телесен инвалидитет, примале нови членови. Без ни малку двоумење, Горде се решила на тој чекор и оттогаш, нејзиниот живот се сменил целосно.

Конечно, по многу години потрага, во Мобилност Горде се чувствувала прифатено. Таму запознала многу луѓе со кои можела да се дружи, социјализира и поминува прекрасни мигови заедно — се она што не го правела додека растела.
Тука го запознала и Александар, нејзиниот сегашен сопруг.
Приказната на Александар е поинаква од таа на Горде. Докторите го дијагностицирале со церебрална спастика на долните екстремитети уште во неговите први денови како новороденче. Таткото на Александар, во интервју за емисијата “Петтиот ангел” раскажува за неговите обиди да му ја подобрат состојбата на својот син. Таа борба, иако траела со години, на крајот сепак, не завршила по татковите желби.
Но, Александар не дозволил ништо да го спречи во животот. Тукуречиси исто како и Горде, тој бил борец кој не се плашел да сонува за подобро утре, кое за него значело формирање семејство.
Во 2002 година, се создала и првата можност за остварување на неговата желба — ја запознал Горде.

За повеќе детали,Тука
Пишува: Љубица Симонова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...