4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВо чест на Тоше започна 900 километарскиот маратон од Нова Градишка до...

Во чест на Тоше започна 900 километарскиот маратон од Нова Градишка до Крушево

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По повод 14 -годишнината од смртта на Тоше Проески, ултрамаратонците од МакедонијаТоше Анчев, Наум Капричевски, Никола Гелов, Фидан Арсовски и Александар Митревски, денес, четврток, 14 октомври, го започнаа од Нова Градишка 900 километри долгиот, традиционален маратон наречен „Спомен на Тоше Проески“ до македонскиот град Крушево, неговото последно почивалиште.

<

И оваа година, во организација на Град Нова Градишка, Туристичкиот одбор на Град Нова Градишка и во соработка со маратонци на Република Македонија, со пригодна свеченост стартуваше маратонот по повод четиринаесетгодишнина од смртта на популарниот македонски пејач Тоше Проески, музичар, хуманитарец, морален идол на младите луѓе, човек што ги обедини Хрватска и Македонија.

Точно во 16,15 часот беа положени венци и запалени свеќи пред споменикот на Тоше Проески во близина на салата на Средното електротехничко и економско училиште во Нова Градишка, а во 17,00 часот маратонците го започнаа долгото трчање до Крушево.

На испраќањето на маратонците од Нова Градишка присуствуваа Амбасадорот на Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи, Градоначалникот Винко Гргиќ, директорката на Културно информативниот центар на Македонија во Хрватска, Наталија Поповска, членови на фан клубот на Тоше од Нова Градишка, како и докторката која тој кобен 16 октомври 2007 година била дежурна во болницата во Нова Градишка и го примила телото на нашиот ангел Тоше Проески.

 

Директорката на КИЦ на Македонија во Хрватска, Наталија Поповска, по овој повод, за ТВ Нова 12 и весникот Вечер изјави:

„ПРЕКРАСНО БЕШЕ ДРУЖЕЊЕТО СО УЧЕСНИЦИТЕ НА УЛТРАМАРАТОНОТ, МНОГУ УБАВ ПРЕЧЕК НИ БЕШЕ ПРИРЕДЕН ВО НОВА ГРАДИШКА, МОЖЕ ДА КАЖАМ ДЕКА ЕДНОСТАВНО ГРАДОТ ЖИВЕЕ СО ТАА ПРИКАЗНА. ЌЕ НАПРАВИМЕ СЕ, НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХРВАТСКА, ДА ОПСТАНЕ ОВАА ИДЕЈА И УЧЕСНИЦИТЕ ДА ИМААТ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА, БИДЕЈЌИ ВО ОСНОВА Е ТОА ЕДНА БЛАГОРОДНА ИДЕЈА КОЈА ЈА ВРАЌА ДОВЕРБАТА ВО ДОБРОТО, НЕШТО ШТО ОСТАНА ОД ТОШЕ, НЕШТО НА КОЕ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ РАМНОДУШЕН. ЕНЕРГИЈАТА КОЈА ЈА НОСАТ МАРАТОНЦИТЕ, ВЕРБАТА ВО ТОА ШТО ГО ПРАВАТ Е ВРЕДНА ЗА ВОСХИТ. МОМЕНТОТ НА НИВНОТО ПОАЃАЊЕ БЕШЕ НЕШТО ПОСЕБНО, ТОЧНО СЕ ГЛЕДАШЕ ДЕКА ТИЕ СЕ СО СВОИТЕ МОЛИТВИ И НЕВЕРОЈАТНО СПОКОЈНИ .ПОСВЕТЕНИ НА МАРАТОНОТ, СО КОЈ, УШТЕ ЕДНАШ ЌЕ ЈА ПОКАЖАТ ГОЛЕМИНАТА НА ЉУБОВТА КОН МАКЕДОНСКИОТ СЛАВЕЈ ТОШЕ ПРОЕСКИ.

Маратонот од Нова Градишка до Крушево е долг 900 километри, а доаѓањето на маратонците на последното почивалиште на Тоше Проески, на Гумење, се очекува по 80 часа трчање, поточно во сабота, 16 октомври 2О21 година во 12 часот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...