16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа плати до 70.000 денари: Избрани помошниците на Артан Груби за изградба...

За плати до 70.000 денари: Избрани помошниците на Артан Груби за изградба на Коридорите 8 и 10д

Јавното претпријатие за државни патишта објави дека извесната кандидатка Семијал Хасани Зибери е избрана за помошник на вицепремиерот Артан Груби како главен и одговорен координатор на проектот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10д, кои ќе ги гради изведувачот „Бехтел и Енка“.

Помошникот на Груби, според огласот објавен на 13 април од страна на „Државни патишта“, треба да биде градежен инженер со најмалку 6 години работно искуство во струката и за него е предвидена нето плата од 70.052 денари.

Покрај помошникот на координаторот, во истиот оглас, Државни патишта имаше отворено позиции за уште 27 работни места поврзани со изградбата на автопатиштата Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола. Дел од бараните работни позиции веќе се пополнети и имињата на избраниците кои ќе добијат договор до 22.01.2028 година до кога треба да заврши проектот, веќе се објавени. За добар дел од местата – особено оние строго стручните, не е пронајден соодветен кадар.

Како градежен инженер на позицијата координатор на единицата за подготовка на проектот, за кого е предвидена нето плата од 65.029 денари, е избран извесен Рами Јусуфи. За координатор „на единицата за техничка изведба на проектот“, кој треба да биде градежен инженер – исто за 65.029 денари, се вработува Александар Журовски.

Од четворица „специјалисти за експропријација“, кои од образование треба да имаат Правен факултет или други општествени науки или Јавна управа и администрација и нивната плата ќе биде 45.045 денари, избрани се двајца и тоа Ратко Ајцев и Саќим Селими.

За истата плата од 45.045 денари како преведувач е избран Арѓент Мехмеди, кој барем според огласот треба да има какво било високо образование. Од двајца администратори кои се бараа на огласот, одбран е само еден – Кристина Дукоска која ќе добива месечна плата од 30.000 денари. Од двајца возачи кои се бараа, одбран е само еден – Милорад Стојковски за плата од 30.000 денари.
Од две отворени позиции „специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација“ за плата од 55.037 денари, Ваљон Тефику пополнил едно место, а другото останува празно.

Не е пополнето ниту едно од петте работни позиции што се отворија за „специјалисти за инвестиции и градба на патишта“. Тоа би биле градежни инженери со тригодишно искуство за плата од 55.037 денари.

За истата плата од 55.037 денари не се нашол ниту еден урбанист, геодет, ниту двајца специјалисти за заштита на животната средина, како и еден електроинженер што се разбира во енергетски објекти и еден сообраќаен инженер. Никој од пријавените не ги задоволиле критериумите.
Извор: Фактор

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...