2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСител: Пациент oд Тетово вакциниран со две дози „Синофарм“ почина од Ковид-19

Сител: Пациент oд Тетово вакциниран со две дози „Синофарм“ почина од Ковид-19

spot_imgspot_img

Во Клиничката болница во Тетово вчера починал 62-годишен пациент кој бил заразен со Ковид-19 иако претходно примил две дози од вакцината на „Синофарм“. Починатиот освен што бил позитивен на Ковид-19 имал и други заболувања пишува ТВ СИТЕЛ

Раководителот на Ковид – центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини изјави дека втората доза од вакцината на „Синофарм“ пациентот ја примил на 6 јуни, но имал и коморбидитети меѓу кои хронична бубрежна болест, кардиомиопатија и хипертензија.

-Пациентот починал вчера. Не сакаме со овој случај да ги уплашиме другите лица кои имаат коморбидитети и ова да им послужи како изговор да не се вакцинираат. Овој случај е малку тешко да се објасни. Познато е дека вакцинираниот може да се инфицира и да биде позитивен и на брис и на клиничка слика. Во овој случај имавме пациент кој имал хронични бубрежни проблеми, хипертензија а воедно бил и позитивен на тест и сето тоа го правело како тежок пациент. Сепак ова не треба да се земе како правило дека секогаш ќе се случува и не треба да биде демотивираки момент за другите пациенти кои имаат по две или три хронични болести. Ние очекуваме и во наредниот период да имаме ковид позитивни пациенти кои во меѓувреме се вакцинирале. Освен овој случај, имаме уште една пациентка на 37-годишна возраст која исто така била вакцинирана. Таа иако има и ендокринолошка болет, поради тоа што е позитивна на Ковид-19 пратена е кај нас. Денеска во Клиничката болница на лекување има седум пациенти, освен оваа пацинтка која примила две дози, другите шестмина не биле вакцинирани, изјави д-р Нуредини.

Според д-р Нуредини, сега е потребно стручните лица да се огласат и да го кажат своето стручно мислење за ваквите случаеви за тие да не се искористат како агумент против вакцинирањето на лицата кои имаат хронични болести. Засега од Ковид – центарот во Тетово немаат информација со кој сој на Ковид-19 бил заразен починатиот пациент.

Извор:СИТЕЛ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...