8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаСписок на разрешени директори постои, но никој не знае зошто се сменети

Список на разрешени директори постои, но никој не знае зошто се сменети

spot_imgspot_img

Што згрешиле 25-те директори во јавни здравствени установи кои се разрешени откако Фатмир Меџити е на министерската функција?

Освен злоупотреби кои биле причината за смена на кардиохирургот Сашко Јовев, од министерството досега ниту еднаш не кажале ниту јавно ниту писмено кој друг не работел законски и не објавија ниту еден извештај. Меџити деновиве постојано ги нагласува смените што ги направил со порака дека никој не може да биде вечен како директор, но од списокот што го добивме од МЗ освен имиња нема ништо друго.

За листата разрешени побаравме дополнителен одговор од министерството дали се од политички причини а не поради финансиски пропусти, но став не добивме. Инаку, четворица медицински и неколку организациски директори доби Алијанса откако влезе во Владата и уште во март кадрите на СДСМ доставиле барање за повлекување од директорското место. Нивните смени беа уште пред три месеци и не се дел од сегашните контроли што ги прави Меџити. На списокот има директори кои биле поставени од Беким Сали од Алтернатива а има и од огнената група на ДУИ. Меѓу разрешените ја вбројуваат и Маја Манолева која очигледно не е поради злоупотреби туку за да дојде на позицијата заменик министер за здравство уште пред четири месеци.

-Веќе нема да има директори кои седат и спијат по 5 години, 10 години и немаат никакви резултати..е затоа ни е здравството во ваква амортизирана состојба – Фатмир Меџити

Дали оваа изјава на министерот е за разрешените на списокот или има контроли и во други јавни здравствени установи.

Такви вонредни надзори правеше и претходникот на Меџити – Сали и никогаш не кажа ниту кој грешел ниту кој правел малверзации со дежурства

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...