31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Во првиот круг СДСМ и Коалицијата победува во 22 општини, во...

Заев: Во првиот круг СДСМ и Коалицијата победува во 22 општини, во останатите влегува во втор круг со видлива предност

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, за Канал 5 телевизија изрази задоволство од големата поддршка што ја добива СДСМ и Коалицијата на терен и од народот, што ќе значи јасно определување, правец во кој ќе се движат општините уште во првиот круг.
„Јас дадов една моја прогноза, тоа се 22 општини завршени во првиот круг за СДСМ и Коалицијата и 6 општини на ВМРО-ДПМНЕ завршени во првиот круг, а секако во останатите општини каде имаме натпревар, ние имаме 69 кандидати за градоначалници и листи во сите 80 општини плус градот Скопје ќе влеземе со видлива предност“, истакна Заев.
Тој нагласи дека ова дефинитивно ќе даде јасна определба каде одиме, дека задоволството од тоа што досега е сработено е видливо и граѓаните ја даваат својата поддршка да продолжи „Најдоброто“ да се реализира во нашата земја.
Во врска со кампањата Заев рече дека најубавиот дел од неа се разговорите за проектите за решавање на конкретни проблеми во руралните или во урбаните средини, а СДСМ и Коалицијата навистина има една лепеза проекти , кои го менуваат секојдневието во самите општини, а најнеубавиот дел е негативната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со негативна реторика.
„Се обидовме да дадеме одговори на одредени негативни аспекти од нивната кампања и мислам дека тоа ни е должност, како на владејачка структура, но дефинитивно останува нивната безидејност, тие се без проекти, не слушнавме еден конкретен проект, типично нешто за Скопје, Битола, Куманово за било кој од градовите во државата и тоа ќе остане забележано“, порача во разговорот за Канал 5 телевизија претседателот на СДСМ Зоран Заев.
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...