32.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаЗабаваНовиот Супермен е бисексуалец, партнерот има розова коса за да биде поблиску...

Новиот Супермен е бисексуалец, партнерот има розова коса за да биде поблиску до модерната публика

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Американскиот издавач на стрипови „ДЦ комикс“ соопшти дека во петтата епизода од серијата „Супермен: Синот на Кал-Ел“, новиот Супермен, Џонатан Кент (17), син на Кларк Кент и Луис Лејн, ќе почне врска со својот пријател, новинарот Џеј Накамура.

<

Објавени се и фотографии од петтата епизода од серијата во која Џеј и Џонатан се бакнуваат. Супермен е во неговиот препознатлив костим, а неговиот партнер има розова коса, носи очила и дуксер со качулка.

Целта беше да создадеме нова верзија што ќе биде поблиску до модерната публика. Идејата за замена на Кларк Кент со друг стрејт бел суперхерој изгледаше како пропуштена шанса. Џеј има своја супермоќ. Луис Лејн е неговиот херој. Тој исто така е бегалец од измислениот остров Гамора. Џонатан и тој ќе водат многу битки заедно“, изјави креаторот на серијата, Том Тејлор, за „Њујорк тајмс“.

Нивната врска ќе почне откога Џон ќе доживее нервен и физички слом.

 

Истополовата врска не е единствената карактеристика што ќе го направи Џонт Кент поинаков Супермен од славниот татко. На почетокот на серијата „Супермен: Синот на Кал-Ел“ во јули, Џон се бори со пожарите предизвикани од климатските промени, ќе спречи масовно пукање во училиште и ќе протестира против депортацијата на бегалците од Метрополис.

Од „Дц комикс“ велат дека Супермен мора да се бори со нови битки и да се соочи со реалните проблеми со кои се соочува светот.

„Отсекогаш велев дека секој заслужува да се најде во своите херои и многу ми е драго што ‘Дц’ и ‘Варнер брос’ ја делат оваа идеја“, вели авторот на серијата додавајќи дека Супермен е симбол за надеж, вистина и правда, кој во денешницата добил уште поголемо значење.

Тој е задоволен од позитивните реакции на публиката.

„Имаше луѓе што се расплакаа кога ја прочитаа оваа вест, како и такви што велат дека не можеле ниту да замислат дека во својот живот ќе видат дека Супермен, најмоќниот стрип-суперхерој, личи на нив“, истакна Тејлор.

Ова не е прв обид да се додаде ЛГБТ-заедницата во светот на стриповите. Во август беше објавено дека Робин во најновата верзија ќе има момче, а „Марвел“ исто така одлучи да го претстави Капетан Америка во геј-светло, додека новата главна sвезда на серијата „Акваман“ ќе биде црн хомосексуалец.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...