11.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаСветБил Клинтон хоспитализиран на интезивна нега поради инфекција на крвта

Бил Клинтон хоспитализиран на интезивна нега поради инфекција на крвта

spot_imgspot_img

Бил Клинтон, поранешниот претседател на САД, пред неколку дена беше хоспитализиран во Калифорнија. Неговата општа здравствена состојба е добра, јавуваат американските медиуми.

Тој бил на приватен настан за својата фондација, се почувствувал уморно, по што во вторникот е примен на одделението за интензивна нега во Медицинскиот центар Ирвин на Универзитетот во Калифорнија поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила во крвотокот.

Лекарите соопштија дека Клинтон ќе остане во болница поради следење на неговата состојба. Тој е сместен на интензивна нега поради приватност и безбедност. Тој е добро расположен, разговара со семејството и персоналот, но и станува и шета.

„По два дена лечење, бројот на неговите крвни зрнца опаѓа и добро реагира на антибиотиците. Се надеваме дека наскоро ќе може да замине дома“, истакнаа тие.

Неговиот портпарол, Анхел Урења, објави на Твитер дека неговата состојба не е поврзана со претходните проблеми со срцето или со Ковид-19. Политичарот во 2004 имаше четирикратна операција за бајпас на неговото срце, додека во 2010 година му беа ставени два стента.

Statement, from me, on President Clinton pic.twitter.com/Jbfl4evpcF

— Angel Ureña (@angelurena) October 15, 2021

Клинтон беше претседател на САД од 1993 до 2001 година. Тој е во брак со Хилари Клинтон, која се кандидираше на претседателските избори во САД во 2016 година, но изгуби од Доналд Трамп.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Бигорски манастир се очекува пристигнувањето на благодатниот оган

Благодатниот оган се очекува на полноќ да пристигне во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ кога треба да започне и Велигденската богослужба. Со особена пасхална радост...

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж!

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж! Денес повторно нè осветли божествената слава. Денес ни беше даден дарот на мудроста. Денес уште еднаш...

Со бензин го полил казиното Адмирал во Охрид, па потоа го запалил !!!

Вечерва околу 19 часот избувнал пожар во казино Адмирал лоцирaно во центар во Охрид, кога едно лице го полило со бензин внатрешниит дел на...

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на општина Дебрца, упати јавна благодарност до сите граѓани кои ја поддржаа прфесорката Давкова во првиот круг !!

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на општина Дрбрца, Златко Силјаноски, упати јавна благодарност  до сите граѓани кои ја поддржаа прфесорката Давкова во првиот круг !!