21.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаВо делчевското село Истевник, жителите гласаа во фарма за магариња

Во делчевското село Истевник, жителите гласаа во фарма за магариња

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во делчевското село Нов Истевник жителите гласаат во фарма за магариња. Таму е сместено единственото избирачко место за жителите на селото кое има околу сто гласачи. И заради тоа никој не прави проблем, бидејќи отсекогаш во овој објект жителите гласале. Проблем не се магарињата, туку фингер уредите кои тука не си ја вршат добро работата. Претседателот на избирачкиот одбор смета дека отпечатоците на жителите не се јасни за фингерпринтот зашто прстите им се бојосани од собирање ореви.

<

Репортажното јавување на новинар на Канал 5 од ова место беше лоцирано на неколку чекори пред некогашното основно училиште во селото, во кое се одвива гласањето. Објектот одамна не е училиште, уште од 1995 година, зашто снемало доволно деца од прво до четврто одделение. Еден од жителите го купил објектот и го претворил во фарма за магариња. Сега низ прозорците не се гледаат училишни клупи и детски лица, туку стогови сено кое зимава вредно ќе го јадат магарињата.

Инаку, станува збор за избирачкото место број 0593. Се гласа во една од просториите во која некогаш седеле наставниците. Тука биле донесени уредите за биометриска идентификација на гласачите, но избирачкиот одбор заклучил дека практично не ги читаат отпечатоците на прстите на соселаните, ниту десниот, ниту левиот прст, бидејќи деновиве тие интензивно собираат ореви и прстите им се бојосани од овој плод.

Велат дека никој досега не правел проблем затоа што се гласа во магарешка фарма, проблем немало ниту од ОБСЕ.

Инаку, селото Нов Истевник за јавноста стана познато во времето на летните катастрофални пожари кога огнот беше стигнат до првите куќи од селото, а пожарникарите, заедно со австриските и словенечките колеги, со денови се бореа да го спасат ова мало населено мест.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...