4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПартија известило амбасада дека лица со оружје ќе ги попречат изборите

Партија известило амбасада дека лица со оружје ќе ги попречат изборите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Комисијата за следење на изборни нерегуларности информира дека примила неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности сторени на подрачјето на Скопје.

<

Во соопштението се наведува дека е добиена пријава оти засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари.

Друга пријава, пак, укажува дека околу 09:35 часот во близина на ЈДГУ „Кочо Рацин“ на ул.„Борка Талески“ на девет возила од надворешна страна на стаклата е залепена бројка од кандидат за градоначалник.

Потоа, по лотус добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија, се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес.

Исто така, во известувањето стои дека друго лице – познат сторител на кривични дела, поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија.

Во однос на овие наводи се преземаат мерки на проверка. Инаку, Комисијата посочува дека и претходните денови постапувала по сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведување на локалните избори.

„Дадени се задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно за формирање предмети и преземање на сите дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик“, велат од таму.

Дежурен јавен обвинител од скопското обвинитeлство е присутен во седиштето на СВР Скопје каде заедно со Штабот во рамките на оперативна акција Избори 2021 година се следат сите настани поврзани со неправилности за локалните избори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...