3.6 C
Ohrid
четврток, декември 2, 2021
Почетна Свет Доц д-р Дејан Анакиевски од Делчево, добитник на престижна лекарска награда во...

Доц д-р Дејан Анакиевски од Делчево, добитник на престижна лекарска награда во Бугарија.

Translate (Eng):[gtranslate]

Доц д-р Дејан Анакиевски по потекло од Делчево е добитник на престижна лекарска награда во Бугарија каде што успешно работи веќе 15-тина години како специјалист по урологија.

По повод 19 Октомври денот на лекарот во Бугарија, Бугарскиот лекарски сојуз ги додели традиционалните награди “Лекар на годината” за тековната 2021 година за придонес во медицината.

Доц. д-р Дејан Анакиевски кој што е раководител на Клиниката за урологија во УМБАЛ “Св. Марина” во Варна е добитник на престижната награда во категоријата “Придонес за развој и примена на иновативна медицина и уникатни техники”.

РЕКЛАМА

“Ви благодарам за престижната награда. Оваа година е поспецијална затоа што славиме 120 години од основањето на Бугарската медицинска унија. Благодарение на тимот со кој работам и на кој можам да сметам оваа награда е важна не само за мене. Тоа е важно признание за болницата во која работам. Благодарност до раководството на Универзитетската болница „Св. Марина “ и Медицинскиот универзитет – Варна, бидејќи без нивна помош и без опремата што ја обезбедија, сите овие достигнувања немаше да се случат. И сето тоа во име на подобар квалитет на живот за пациентите “

-соопшти делчевецот Доц д-р Дејан Анакиевски по повод примањето на оваа престижна награда.

Доц. д-р Дејан Анакиевски е специјалист уролог со над 15 годишно работно искуство во ова поле на лекарска дејност. Работи на дијагностика на заболувања на мочно-половиот систем кај мажите, стерилитет кај мажот и други уролошки заболувања при што се служи со современи методи за лечење и превенција. Работи во сферата на лапороскопска урологија, ендоурологија, онкоурологија како и реконструктивна урологија. Се интересира за робот0асистирана урологија и трансплантација.

Неговото основно и средно образование Доц д-р Дејан Анакиевски го завршува во неговото родно Делчево. Завршува медицински факултет во Варна во 2004 година а специјализира во областа на урологијата во 2013 година. Во 2015 година докторира на тема “Оцена и валидизација на некои предоперативни и постоперативни прогностички модели кај простатен карцином.” во 2017 година го добива звањето Доцент.

Доц д-р Дејан Анакиевски има специјализации во Египед, Шпанија, Германија, Полска, Велика Британија, Чешка, Италија, Австрија. Поседува голем број на сертификати како и повеќе награди од европски конгреси по урологија во Белград, Тирана, Берлин и Скопје. Член е на Бугарската Медицинска Асоцијација, Бугарското Уролошко Друштво, Бугарската Асоцијација на млади Уролози, Европската асоцијација по урологија, Европскиот борд за урологија.

Од 2004 година Доц д-р Дејан Анакиевски ординира во клиниката за урологија “Св. Марина” во Варна а од 2015 година е асистент во клиниката. Од почетокот на 2018 година Доц д-р Анакиевски е назначен за Директор на Клиниката за Урологија. Во моментот работи како специјалист по Урологија. Ги владее Македонскиот, Српскиот, Бугарскиот, Рускиот и Англискиот јазик.
Извор: Брегалнички