27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМаричиќ - Нашите активисти не се тепаат а активистите на ВМРО-ДПМНЕ го...

Маричиќ – Нашите активисти не се тепаат а активистите на ВМРО-ДПМНЕ го претепаа Зијадин Села-тоа е лицемерие

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Целта е да се уплашат граѓаните, да се поделат преку закани кои уште по првиот круг се упатуваат. Наследството на ВМРО-ДПМНЕ и во Скопје и во другите општини е барок, загадување и корупција. Граѓаните сигурно ќе се обединат околу прогресивната агенда и на 31 октомври ќе ги победат барокот, корупцијата и загадувањето, рече Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во гостувањето на дебата на Алсат Телевизија.

<

Изминатите денови сите сме сведоци на досега невидени повици на пресметка и линч со неистомислениците, кои доаѓаат од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, дополни тој

Според Секретарот за меѓународна соработка ова е доказ дека е потребно обединување на сите прогресивни граѓани со цел да се обезбеди стабилен развој и напредок.

-Си играат со чувствата на луѓето за да собираат политички поени бидејќи немаат чувство на одговорност кога ја изгубија власта шест месеци држеа тензија во парламентот па предизвикаа крвав инцидент на 27 Април.

Нашите активисти не се тепаат, активистите на ВМРО-ДПМНЕ го претепаа Зијадин Села и дел од нив се веќе во затвор, а дел од нив протестираа низ Скопје за  нивно ослободување нарекувајќи ги уставоибранители, ако тоа не е демагогија и лицемерие, рече Маричиќ.

Тој посочи дека  Милошовски ја  направил својата политичка кариера од шатор пред собрание протестирајќи да нема албански паралелки.

-Го паметиме и кога промовираше лаги за тиранска платформа, а од другата страна пак од Алијанса јавно изјавуваа за некакви невести на Груевски и Мијалков  непријатно е да се биде во ваква коалиција и тоа не е принцип, тоа е чист интерес и борба за власт, дополни Маричиќ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...