15.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаUncategorized @mkОдличен концерт на младата македонска певица Митревска во Софија

Одличен концерт на младата македонска певица Митревска во Софија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со одлични оценки и со голем интерес помина концертот на младата македонската пејачка Илина Митревска во Софија.

<

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија концерт одржа младата македонска пејачка Илина Митревска во придружба на пијано од Дилек Реџеп.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, концертот се спровел во целосна согласност со сите здравствени протоколи и по претходна регистрација.

Митревска извела класични арии од Моцарт, Поизело, Џулијани, Верди, Пучини, Хендл, Рахмањинов, Дворжак… Пијанистката Дилек Реџеп изведе познати дела од Шопен.

За МИА Илина Митревска изјави дека одамна планирала да ја посети Софија и да одржи концерт, но поради пандемијата морала да го одложи својот настап во Бугарија.

“Им благодарам на бугарските љубители на класичната музика што дојдоа во КИЦ на Македонија и што ја споделија со мене оваа уметност и ме израдуваа што настапувам во Софија”, изјави Митревска.

Во вака тешки моменти, посочи Митревска, кога светот се бори со Ковид пандемијата многу е важно одржувањето на вакви концерти и културни настани, бидејќи, како што нагласи македонската пејачка, тие помагаат на луѓето полесно да се справат психолошки со ограничувањата. Таа, исто така, беше категорична дека само уметноста може да не извади на еден здрав и поубав пат и дека уметноста е клучна за здравјето на современото општество.

На крајот од концертот Илина Митревска ја извела познатата арија Балкарола од делото на Офенбах со бугарскиот мецосопран Десислава Тодорова. На концертот во КИЦ присуствувале познати интелектуалци, претставници на културната елита на Софија и познавачи на убавата музика. На концертот присуствувала и Марија Едилеуза Фонтенеле Реис, амбасадорката на Бразил за Бугарија и Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...