18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаЌе се вештачат докази од гробот на почината Јелена од Куманово, откако...

Ќе се вештачат докази од гробот на почината Јелена од Куманово, откако беше откопан од крадци кои барале злато?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Куманово издаде повеќе наредби за вештачења на голем број подигнати докази при извршениот увид на градските гробишта во Куманово, каде на 10-ти октомври годинава, три лица се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети од починато лице, со намера противправно да ги присвојат.

<

По наредбите се постапува, а за лицата беше поведена постапка за сторено кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Истовремено, обвинителството испитува дали постојат елементи и на други сторени кривични дела поврзани со настанот. За предметното кривично дело е запретена казна затвор во траење до пет години. Согласно, законот за кривична постапка за овие дела мерката притвор може да трае најмногу осум дена“, соопштија од ЈОСРМ.

Како што наведуваат во соопштение, со оглед на тоа што прибирањето на доказите сè уште трае, мерката притвор која беше определена за еден од осомничените од страна на судија на претходна постапка е заменета со други мерки за обезбедување на неговото присуство, одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, одземање на личната карта како исправа за преминување на државната граница и задолжително јавување во Основниот суд Куманово кај определено службено лице.

Овие мерки се определени од Основниот суд Куманово, со цел да се обезбеди присуство на осомничениот во натамошниот тек на постапката. Останатите двајца осомничени во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...