11.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаЗоран Ногачески и Максим Димитриевски добиваат поддршка од ВМРО ДПМНЕ !!

Зоран Ногачески и Максим Димитриевски добиваат поддршка од ВМРО ДПМНЕ !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Актуелните градоначалници на општина Дебрца и општина Куманово ја добиваат целокупната поддршка од ВМРО ДПМНЕ…

<

ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа седница на која се дискутираше актуелната ситуација во Македонија поврзана со изборите и одржување на вториот круг на локалните избори, како и за поддршката за места каде ВМРО-ДПМНЕ нема свои кандидати.

Состаноците на органите на партијата коинцидираат со историскиот датум 23 Октомври, Денот на ВМРО, односно Денот на Македонската револуционерна борба.

На овој историски ден од огромно значење и важност за нашата историја, за македонскиот народ и македонската држава, ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе проглас:

ВMРО-ДПМНЕ како партија на народот која ги темели своите вредности и принципи на идеите на македонската револуционерна организација вдахновени во модерните идеи за Македонија како место на заеднички живот, просперитет и напредок преку почитување на принципите на солидарност, слобода и напредок.

Свесна за предизвиците со кои се соочува државата и потребата од мобилизирање на сите расположливи капацитети во функција на напредокот и новата иднина на државата, кога таа се наоѓа во еден безизлез раководена од корумпирана власт која е безидејна, и создава хаос, безредие, демонстрира неспособност.

Свесни дека секој слободен граѓанин на оваа земја е силата на промените кои се неопходни за да има подобра иднина. И свесни дека секој може сам за себе да одлучува, повикуваме на заедништво, слога и обединување кон заедничката цел на сите без разлика на политичка, етничка, верска или друга припадност.

Препорачуваме дека е време за обединување на сите сили кои се против политиките на власта. Силите кои сакаат добро, напредок, сакаат нова подобра иднина и промени, проекти и победи.

Повикуваме на обединување на сите прогресивни сили против власта која носи порази, омаловажувања, неуспеси, го одзема достоинството.

Таквото обединување значи масовна мобилизација на граѓаните кои бараат подобра иднина, успеси и работа. Секоја наша разлика е помала од заедничката цел – Македонија да ја развиваме, економски да зајакнува, политички да се интегрира. Мора да ги срушиме ѕидовите на поделби и омраза наметнувани од власта. Затоа е потребно мобилизација, излезност и народно обединување на граѓаните.

За таа цел ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Во местата каде немаме свои кандидати во вториот круг, природно ќе ги поддржи кандидатите кои се опозиција на власта и кои се борат против оваа власт која е корумпирана и криминална.

Ние нема да кажуваме во тие места дека гласовите ги имаме во џеб или се наша сопственост и нема да ги третираме граѓаните како да ги имаме кај себе, како што тоа го прави СДСМ, но воедно повикуваме слободоумно и отворено да излезат и да ги поддржат кандидатите на тие места кои искрено се борат против власта, соопшти потпретседателот на партијата Александар Николоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...