16.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаСветТурчинката Шахика Ерџумен го собори светскиот рекорд нуркајќи на длабочина од 100...

Турчинката Шахика Ерџумен го собори светскиот рекорд нуркајќи на длабочина од 100 метри

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Турската нуркачка Шахика Ерџумен го собори светскиот рекорд на длабочина од 100 метри, посветен на 98-годишнината од Републиката, во подрачјето на Каш, Анталија, јавува Агенција Анадолија (АА).

<

Светската рекордерка во слободно нуркање, Ерџумен, со еден здив се спушти на длабочина од 100 метри, во категоријата со променлива тежина без перки.

Шабан Арда Јазиџи, гувернерот на Каш и градоначалникот Мутлу Улуташ, го следеа обидот на турската нуркачка Ерџумен да го собори светскиот рекорд за мажи и жени во еден здив, посветен на 98-годишнината од Републиката.

Ерџумен за време од 2 минути и 53 секунди се спушти на длабочина од 100 метри без боца за нуркање.

Во изјавата за медиумите, откако го собори светскиот рекорд, Ерџумен рече дека светскиот рекорд го посветува на 98-годишнината од Републиката и на војниците на Армијата на Турција.

​​​​​​​Наведувајќи дека е многу среќна и горда, таа нагласи: „Со овој светски рекорд сакавме да го привлечеме вниманието и на прашања како што се климатската криза, глобалното затоплување и родовата еднаквост.“

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...