13.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаПонекогаш животот може да стане хорор, Бранкица: Зарем ми треба животот, ако...

Понекогаш животот може да стане хорор, Бранкица: Зарем ми треба животот, ако детето го изгубам

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бранкица е 45 годишна жена. Пораснала во Скопје. Многу рано ги губи двајцата родители, па заедно со братот се преземени од Центарот за деца без родители. Кратко време таа останува во домот, затоа што се појавува личност која ќе се обврзе да ја чува до 18 години, тетка Мелек. Таа ќе и биде и мајка, и баба, и поддршка и ангел чувар за се’ во животот.

<

Посакувајќи свое семејство на кое ќе му обезбеди дом и љубов, Бранкица започнува семеен живот и раѓа три деца. Во целиот терор со семејното насилство, децата и се светлина и волја за живот. До пред седум години таа живеела под кирија со децата, како самохрана мајка. Се снаоѓала. Работела приватно. Не одбивала работа. Сакала само да ги изведе на вистински пат своите деца. Само јас знам како ги исчував и низ што се поминав-вели таа.

Нема достапен опис
Бранкица

Под кирија седат до моментот кога Бранкица ќе дознае дека нејзината мајка, баба и ангел чувар, тетка Мелек, жената што ја исчува, е смртно болна. Па, таа со своите деца доаѓа во домот на Мелек во Драчево, да ѝ се најде во последните мигови.

„Камо да беше жива денес баба Мелек, барем за разговор, за убав збор, за поддршка да имав од некој – низ солзи раскажува оваа напатена жена.

По смртта на Мелек, нејзината барака и припаѓа на Бранкица и така таа се стекнува со свој дом. Домот и станува нејзино најубаво катче. Таа со љубов и внимание го бира мебелот, го реновира, го уредува. И продолжува да живее среќно со своите деца.

Но, на 19 мај 2021 година, додека таа е на гости во Куманово, бараката во Драчево ќе изгори до темел. Бранкица за тој немил настан дознава дури другиот ден, кога ќерката дошла да ја земе од работа и ѝ вели дека има неубави вести. Тие неколку секунди во главата на Бранкица се создава хаос, зашто како мајка веднаш паметот и отишол накај синот. Се исплашила да не му се случило нешто.

Кога дошла во Драчево и го видела својот дом во пепел, рекла само: „Фала Богу, барем детето ми е живо. Што ќе ми требаше куќа, ако го изгубев најмилото!“

Во хоророт со пожарот, Орфеј, синот на Бранкица се борел сам. Барал помош, но и соседите биле немоќни и гледале во очај, како за десет минути, пламенот ја проголтува куќата.

Нема достапен опис
Куќата по пожарот

Орфеј сакал да спаси дел од мебелот, па вадејќи кревет и други работи, му се затворила вратата, по што тој губи и дел од својата кожа, добивајќи изгореници од трет степен. Но, барем е жив – вели Бранкица. Што ќе ми требаше куќа, ако го изгубев него-постојано повторува Бранкица, која во целото зло, се заблагодарува на Бога што го поштедил нејзиното најмило.

Бранкица добила минимална помош од државата, со која купила дел од потребниот материјал за реставрирање на куќата. Но, многу е скапо. Колку давам за материјали, толку ми бараат за работна рака. Бранкица е вработена во кујна во градинка и зема само 16.000 денари. Тие пари не стигнуваат ниту за прехранување, а не и да се санираат штетите и да се доведе домот до степен на место за живеење.

Нема достапен опис
Домот на Бранкица по пожарот

Во овој момент, таа со децата спие во импровизирани кревети. Од сите страни тече кога врне. „Кога имаше град пред неколку дена, раскажува Бранкица, сè влезе во собите. Не помогнаа ниту тепсиите, кои ги ставив за да врне во нив.“

Понекогаш одат кај пријатели за да се избањаат, зашто животот не е еден ден. „Но, никаде не е како дома. Не можеш да им сметаш и да им бидеш обврска на луѓето во денешно време.“

Навечер е најтешко. Во тишината, таа се сеќава на животот пред пожарот. На тоа што сè имале. Па од преголемата желба да ѝ се обнови домот, таа дури сонува нови куќи.

Навечер седат на свеќи, готват на плинско, тоалетот нема врата, се бањаат со греена вода во корито. Живеат во импровизирани услови. Токму ваквиот живот ги разболел и неа, а и децата. Имаат проблеми со бубрезите, ги боли кичмата и често настинуваат.

На работа ја сожалуваат. Колешката на Бранкица ја пријавила во емисијата „Срце на дланка“ со молба за помош.

„Верувајте таа е злато од човек. Од уста залчето ќе го извади, само друг да има. Жал ми е, -вели колешката Маријана. Бранкица спие во градинката, а толку е ладно навечер! Ве молам помогнете и.“

Најголемата желба на Бранкица е да го среди домот. Таа верува дека има добри луѓе. Па, да и докажеме дека навистина е така. Зашто, нашето малку, за неа може да значи се!

Информации за помош на Бранкица Саитова

Тел. 071/485107

Сметка: 270-7000439932.32

Преземено од Приказна.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Татко со неговите двајца синови го извришиле убиството на старецот од Крива Паланка, па го закопале до неговата куќа !!

Полицијата вчера попладне уапси три лица од кривопаланечкото село Луке, двајца синови и нивниот татко. Тие се сомничат за убиство на својот соселанец. -Полициски службеници...

Три лица од кривопаланечко го убиле 84-годишниот дедо кој беше пријавен за исчезнат !!!

Лишени од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка...

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...