4.4 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаЗаменик градоначалникот на Париз со македонско потекло, Најдовски, вели дека на Скопје...

Заменик градоначалникот на Париз со македонско потекло, Најдовски, вели дека на Скопје му треба трансформација

Кристоф Најдовски, е еден од заменик градоначалниците на градоначалничката на француската престолнина Париз. Тој е одговорен за зеленило и биодиверзитет, инаку парижанец со битолско потекло, кој во претходниот мандат беше заменик-градоначалник за транспорт и мобилност.

Во интервју за „БИРН“ пред неколку месеци Најдовски зборуваше за активностите кои ги превзема париската локална власт, а се однесуваат на зелената политика

 

Сакаме да спроведеме вистинска урбана револуција. Секој втор паркинг ќе биде претворен во место за дрво, тревник, проширен тротоар или велосипедска патека. Ќе извадиме сто хектари асфалт од улиците и ќе го замениме со дрвја или со трева. Сто улици ќе ги претвориме во зелени оази. Околу обиколницата ќе направиме кружна шума, а ќе подигнеме и 30 хектари нови градски паркови“, вели Најдовски во интервју за БИРН.

Во однос на фактот што македонската метропола се развива спротивно од француската, со многу згради, паркинзи, автомобили, се помалку зеленило… Најдовски во интервјуто вели:

„Знам дека не е лесно таму да се спроведуваат истите политики што ги водиме тука, зашто градовите се на различен степен на развој. Сепак, Скопје мора за кратко време да направи трансформација каква што другите европски градови прават со децении. Знам дека тоа е радикално, но денес не може да се водат урбани политики како во 1980-тите или во 1990-тите, без баланс во развојот“, порачува Најдовски.

Градската управа од која тој е дел се обидува да го спроведе т.н. концепт на 15-минутен град. Суштината на овој концепт е дека секој треба да има сѐ што му ги задоволува секојдневните потреби на најмногу 15 минути пешачење од својот дом. Тоа значи училиште, здравствени услуги, јавни услуги, продавници, места за релаксација, а по можност и работни места.

СкопјеИнфо

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Вања тврди дека не се познава ниту со Палчо, ниту со другите тројца осомничени

Притворениците и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство. Тројца од четворицата осомничени кои се во истиот затвор, признаа вина. Тие пред обвинител...

Исчезнатата 22-годишна девојка се вратила во домот !!!

МВР попладнево соопшти дека се вратила дома девојката (22) која беше пријавена дека се одалечила од домот.

Од МВР демантираат: Скопјанецот не напаѓал случајни минувачи, го нападал неговиот познаник !!

ДЕМАНТ: СВР Скопје го расчисти инцидентот во врска со споделено видео по портали за маж кој наводно агресивно се однесувал кон случајни минувачи -...

Се трага по 22-годишна девојка, таткото пријавил во полиција дека ја нема.

Денеска (09.12.2023) во 04.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.М.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Т.М.(22) од Скопје. Се преземаат...