16.9 C
Ohrid
вторник, јули 8, 2025
ПочетнаМакедонија„Фејсбук“ стана „Мета“. Што значи тоа за компанијата и социјалната мрежа?

„Фејсбук“ стана „Мета“. Што значи тоа за компанијата и социјалната мрежа?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Компанијата „Фејсбук“ го смени името во „Мета“, објави основачот Марк Закерберг на виртуелна презентација. Новото име треба да одговара на новата стратегија на компанијата во чии рамки таа ќе создава метаверзум.

<

Метаверзум претставува виртуелно опкружување во кое луѓето може да комуницираат меѓу себе со технологии за променета реалност, виртуелна реалност и слично. Тоа треба да биде сосема нов вид комуникација на интернет врз основа на виртуелната и променетата реалност.

Верувам дека метаверзумот е следното поглавје на интернетот, како и нашата компанија. Се базираме на технологија која помага во спојување на луѓето едни со други. Денес нè гледаат како социјална мрежа, но во основа на сè – ние спојуваме луѓе. Метаверзумот е следната граница, да се телепортирате каде било, да може да искусите што сакате, со кого сакате, во кој било момент. Заедно може да создадеме цела нова платформа и да создадеме една нова креативна економија во која со ставање очила на главата ќе може да влезете во нов свет. Апликациите нема да се променат, сè ќе остане исто, но метаверзумот ќе биде во центарот на нашите активности – објаснил Закерберг.

Еден од примерите за примената на метаверзумот е девојка која е на концерт во Лос Анџелес и ѝ се јавува на пријателка од Јапонија, која виртуелно се префрла на концертот во живо. Потоа двете заедно (и виртуелно) одат на виртуелна забава на која има
луѓе од целиот свет.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...