21.1 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаНамалена затворската казна за Ангела Ѓеоргиевска, девојката која го уби Пино Секондо...

Намалена затворската казна за Ангела Ѓеоргиевска, девојката која го уби Пино Секондо заедно со Али Фуркан

Наместо да помине 19 години во затвор, скопјанката Ангела Ѓеоргиевска ќе лежи 16 години зад решетки. Оваа одлука ја донесе Апелација, иако и Вишото јавно обвинителство бараше првостепената пррсуда да се укине и случајот повторно да почне од почеток.

-Второстепената пресуда е брука, бидејќи судиите не си ја почитуваа ниту својата прва одлука, кога веќе еднаш го вратија предметот од почеток и дадоа насоки како да се постапува. Сега, истиот совет, носи различна одлука, со која и намалуваат само три години од затворската казна, вели адвокатот на Ангела, Звонко Давидовиќ.

Мајката на убениот Пино, пак, Маја Трпковска, вели дека таа барала доживотен затвор, но сепак е благодарна на судот.

-Една мајка на која и го убија детето не е задоволна никогаш, ќе бев задоволна ако ми го вратија детето назад живо и здраво. Не бев задоволна за два пати пресуда од 19 години и сега не сум задоволна. Јас барам ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР за Ангела Ѓеоргиевска, но сепак сакам да се заблагодарам на првостепениот суд. Сакам да се заблагодарам и на Апелација. Оваа пресуда од 16 години затвор за оваа девојка нема никогаш да ми го вратат Пино дома. Оваа девојка не смее никогаш слободна да се шета на земјава затоа што бидејќи никогаш не се покаја за убиството што го стори заедно со Али Фуркан. Може истото дело повторно да го стори и после некоја друга мајка да пати, да плаче и да се моли барем во сон да си го види синчето, напиша Трпковска на фејсбук.

Ѓорѓиевска е осудена за помагање во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

Според обвинението, тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Пино со месеци се водеше како исчезнат, а потоа случаен минувач најде остатоци од неговото тело.

Валентина Вурмо Фокус

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...