8.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаСлавица е дипломиран наставик, но повеќе од 30 години работи како земјоделец...

Славица е дипломиран наставик, но повеќе од 30 години работи како земјоделец и одгледува 25 крави !!!

spot_img

Славица Стојковска (57) е фармер од пелагониското село Добромири. Таа по професија е дипломиран наставник по биологија и хемија, а над три децении се занимава со сточарство и со земјоделие. Стојковска има регистрирано фирма и целосно е посветена на сточарството. Има мала фарма и за живина. Таа е голем љубител на цвеќиња, нејзиниот семеен дом е слика и одлика на нејзината љубов и грижа кон цвеќињата.

<

Триесет години веќе се занимавам со земјоделие, како девојка студирав и дипломирав за наставничка, работев една година како на замена, ама кога видов дека не е тоа што требаше да биде, одлучивме со сопругот Флорин и почнавме да работиме со фармата со крави и да обработуваме земја. Работата на секој земјоделец е тешка и мачна, ама потешкото некогаш носи и повеќе. Никаде нема лесно, затоа човек треба да знае што е добро или најдобро за него, вели Стојковска.

Таа е жена која знае што сака за себе и за своето семејство, исклучително трудољубива и вредна, на секоја жени и порачува да работи, да биде исполнета и реализирана, зашто како што вели, работа направена со љубов носи успех.

Со факултетот сакав да работам или наставник или лаборант, кога видов дека шансите за вработување се мали реков мора да се почне од некаде, да се егзистира, па почнавме со малку, со две до три крави, тргна работата и само одевме нагоре, се ширевме како бизнис, со тоа ја обезбедивме егзистенцијата на фамилија и ги школувавме децата. На жените кои децидно се држат до тоа да работат според професијата и дипломата само ќе им порачам – да не се срамат од работа, јас никогаш не се срамам од ова што го работам, зошто секоја работа те прави човек. Ако работата ја работиш со љубов, секогаш ќе имаш успех, отколку да седиш со скрстени раце и да чекаш цел живот за да се вработиш според професијата, порачува Славица.

Образованието е моќта на ова семејство. Од земјоделие Славица ги школува свои деца од кои двете ќерките се магистри по фармација и право, а синот е трета година на медицина. Децата ми се школуваат, работата е главно моја и на сопругот. Децата се огледало на нашиот живот. И учат и помагаат дома во земјоделието, раскажува Славица.

Семејството Стојковски сега огледува 25 крави и обработува 40 хектари земја, на која садат пченица, пченка, јачмен и луцерка. Најголем дел од производството го преработуваат во храна за добитокот, а дел и го продаваат. Дневно предаваат до 300 литри млеко, или 7 до 8 тони млеко месечно, а откупот им се загарантиран во Битолската млекарница. Откупната цена на млекото треба да е повисока, имаме многу работа, многу вложуваме, а цената не е соодветна. Цената од 18,5 денари за литар млеко е ниска, порано имавме цена и до 25 денари. За работа на нивите имаат три трактори и се што им е потребно од помошна механизација, единствено велат им недостасува комбајн за жетва на житните култури.

Таа подеднакво е успешна и во кујната, вели дека на големо задоволство и меси и прави благо, а ја продолжува и семејната традиција на правење бело кравјо сирење.

Од рака ми оди и месењето на мазници и кифли, како и на благо. А секоја желба на моите деца и на внучињата е моја заповед. И покрај обврските ќе најдам време, ако треба и навечер и ќе измесам или ќе направам колачи. А од свекрва ми научив и продолжив да правам бело домашно сирење, на старински начин со маја, со сириште, ја завршува својата приказна Славица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопски зет натепан од бабата и дедото.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат...

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...