19.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев ќе почекал прво да се средат работите со Бугарија, а можно...

Заев ќе почекал прво да се средат работите со Бугарија, а можно е да се добие и датум за преговори до Декември, а доколку не се случи тоа тој ќе си замине….

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како што дознава ПлусИнфо, премиерот на вчерашната средба со претставници на сите политички партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство бил мошне категоричен во ставот дека „нема враќање назад “ и ги повикал парнтерите да се договорат за нов мандатар и најдоцна до петок да излезат со предлози.

<

Ниту Али Ахмети, коалицискиот партнер, ниту било кој од досегашните партнери и блиски луѓе на Заев не успеале да го предомислат премиерот во оставка да ја смени одлуката за повлекување од премиерската функција, откако тој ја загуби битката за локалната власт.

Премиерот на вчерашната средба со претставници на сите политички партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство бил мошне категоричен во ставот дека „нема враќање назад “ и ги повикал партнерите да се договорат за нов мандатар и најдоцна до петок да излезат со предлози.

Заев оставката најверојатно нема да ја достави веднаш во парламентот, туку дека прво имал план да ја истера работата со македонските евроинтеграции по 12 позитивни препораки од Европската комисија, а дури кон крајот на декември, откако ќе се одржи Самитот на лидери на ЕУ каде се очекуваат клучни одлуки, да ја депонира својата оставка во Собранието.

Заев на средбата, како што дознаваме, наводно соопштил оптимистички вести дека Бугарија ќе го симне ветото и дека конечно ќе зарши агонијата во европската чекалница за почеток на преговорите со ЕУ.
Извор: ПлусИнфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...