9.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаUncategorized @mkМакедонскиот јазик меѓу десетте најстари

Македонскиот јазик меѓу десетте најстари

Еден културен странски сајт решава да пишува за настарите јазици во светот кои и денес се користат и меѓу десетте најстари, го става и македонскиот. Бугарите веројатно почнале да им се бунат, ама овие им одговориле лабаво: примивме на знаење, бркајте работа.

Статијата се вика „10-те најстари јазици кои сè уште се зборуваат во светот денеска“ со која читателите на “Culture Trip” накратко се запознаваат со хебрејскиот, баскијскиот, тамилскиот, литванскиот, исландскиот, фарси јазикот, ирскиот галски, финскиот, грузискиот и нашиот, македонски јазик, за кој пишува:

Македонски

„Словенското јазично семејство кое го вклучува рускиот, полскиот, чешкиот и хрватскиот јазик меѓу другите, е релативно нов во однос на јазичната историја. Тие започнуваат да се одделуваат од нивниот заеднички предок, прасловенскиот јазик, кога Кирил и Методиј го стандардизирале јазикот, создавајќи нов, кој денес се нарекува староцрковнословенски, притоа создавајќи и азбука за него .Го земаат со себе тој јазик кога заминуваат на север во мисија да ги христијанизираат Словените. Доаѓаат од место кое се наоѓа северно од Грција, денес познато како Македонија, Република Македонија или ФИРОМ поради спор со името (статијата е пишувана во јули, 2018 – н.з.) и денес македонскиот јазик, заедно со блискиот бугарски роднина е јазик кој е најблизок до јазикот на Кирил и Методиј“.

Најверојатно после реакции од бугарски читатели, уредништвото на сајтот нашло за потребно да го напише и ова:

После коментарите околу комплексните односи меѓу Македонија и Бугарија, ние од Culture Trip би сакале да истакнеме дека наспроти сите комплексности, во академскиот свет надвор од тој регион преовладува консензус дека бугарскиот и македонскиот се различни јазици.

Извор: Оф Нет

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....

Кривична против маж од кочанско, им се заканувал на полицајци преку Фејсбук

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични...

Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ и светот вака кон нас

❗️Важно е да не одите надвор без да постигнете консензус дома, оти во стартот сте послаби! Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ...