16.9 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаМакедонијаЦрвенковски бараше партијата да му суди на Заев!

Црвенковски бараше партијата да му суди на Заев!

  • Уште во 2020 година Бранко Црвенкоски побара партијата да му суди на Заев.
  • Во продолжение ви ја прикажуваме објавата на DW  објавена 2020 година !!!

Проблемот не е од вчера. Политиката на Заев и неговите први соработници и од внатре, во СДСМ, е оценета како уништување на македонските национални интереси, корупција и екстремно задолжување на државата што значи уривање на целиот државен систем и идентитет на Македонците кој нема да се оправи долга низа години. Поранешниот претседател н СДСМ Бранкоп Црвенковски беше еден од тие кои на време укажуваа на оваа политика, колку е погубна и за државата и за партијата. Заев имаше доволно време да се промени, ако сакаше да се промени но, тој остана на своето и казната дојде на овие избори.

Црвенковски ова го укажуваше пред точно една година, а последен пат од МАНУ, на денот на почеток на изборната кампања. Наместо да се прими неговото укажување, да се анализира и размисли, Заев го прогласи Црвенковски за “замрзнат лик“, и продолжи со корупциите, новите кредити и уништувањето на државниот систем и националниот идентитет.

По седум години молк, остра реакција и осуда од поранешниот претседател Бранко Црвенковски за изјавите на премиерот Зоран Заев во врска со Бугарија. Тој јавно ги повикува сопартијците да се оградат од ставовите, пишува Дојче веле  на македонски јазик, и продолжува:По седум години молк, во јавноста се огласи поранешниот претседател и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, испровоциран од последното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската Бгнес, коешто предизвика бура од реакции и осуда во земјава. Црвенковски најавува замрзнување на членството, но и заладување на односите со актуелниот премиер и претседател на партијата, а од членството на СДСМ бара да постапат на истиот начин – итно да се свика Централниот одбор на партијата и да се оградат од изјавите на Заев.

Зошто молчев

„Почитувани сопартијци, во изминативе 7 години се решив да не бидам на каков било начин присутен во политичката јавност во Македонија. За таквото однесување имав повеќе причини, а во оваа прилика ќе ги споменам двете најголеми. Додека СДСМ беше во опозиција и водеше тешка битка со режимот, не сакав на било кој начин да давам дополнителен повод за напади кон раководството на СДСМ, дека се мои марионети или дека спроведуваат политики под мое влијание.

Сакав партијата да биде ослободена од какво било бреме од претходните владеења на СДСМ со државата. Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавност за да не се доведам во ситуација да се конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати. Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина ако не се случеше скандалозното интервју на премиерот и претседател на нашата партија Зоран Заев. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава“, вели Црвенковски.

Огромна штета

Според него, направена е огромна и непоправлива штета. „Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв. Се обраќам до вас почитувани сопартијци за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата“.

Според Црвенковски, реакциите на пооделни видни членови во медиумите и на социјалните мрежи се добредојдени, но не и доволни. „Затоа, почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ“, вели тој.

До одржувањето на таква седница на ЦО, Црвенковски најавува дека го замрзнува неговото членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.  (26.11.2020)

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исплатена е добивката од 1,7 милиони евра, добитникот е од Охрид !!!

Од Државна лотарија на Република Македопнија информираат дека е исплатена најголемата досега, рекордната 7-ка вредна 1.700 000 евра, или 109.012.304 денари. Добитникот е од Охрид...

Теа од Куманово ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум во Мексико

Теа Георгиевска од Куманово ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“ кој идниот месец ќе се одржи во Мексико. Титулата Мис...

Ристовски: Познатите спортисти во Македонија нема повеќе да рекламираат казина и спортски обложyвалници.

Познатите спортисти кои досега рекламираа обложувалници или казина, во иднина нема да го прават тоа. Ова го изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Станува збор...

Пекара Жито Леб-Охрид: Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување на Бојана

Донираме ние, донирај и ти за Бојана! Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување...