16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаИнспектори ќе ги „чешлаат“ општините каде се потпишуваат заклетви без „Северна“

Инспектори ќе ги „чешлаат“ општините каде се потпишуваат заклетви без „Северна“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Инспекторите треба да утврдат дали решенијата со „Република Македонија“ се невалидни и како понатаму ќе се постапува. Постои можност тие да завршат и пред Уставен суд.
Министерството за локална самоуправа ќе спроведе вонреден инспекциски надзор во општините каде новите советници на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица заклетвите за новата функција ги потпишуваат со старото име на државата, Република Македонија. Проблемот најпрвин настана во општина Штип, каде советниците на СДСМ алармираа за ваквата појава и ја напуштија седницата.

<

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица се повикуваат на Законот за локална самоуправа и на Преспанскиот договор и велат дека за внатрешна употреба нема никаква пречка од употребата на името Република Македонија и до пет години од почнувањето на преговорите за членство во ЕУ.

Од Министерството за локална самоуправа, пак, се децидни дека Уставот е јасен и треба да се почитува. „Независно што не е променет Законот за локална самоуправа, со Уставниот закон се опфатени сите други закони и тој мора да се почитува. Извршени се консултации со уставни експерти и од денеска ќе постапува инспекторатот“, вели министерот Горан Милевски. Министерството за локална самоуправа побара од сите единици на локалната самоуправа да го почитуваат Уставот и законите на оваа држава од каде потенцираат дека нема да дозволи незаконско работење на советите.

По ваквите укажувања, инспекторите за локална самоуправа следната недела ќе одат во контрола на општините Штип и Аеродром. Од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Штип најавија дека ќе го чекаат инспекцискиот надзор од Министерството за локална самоуправа по што ќе одлучат што понатаму да преземат. Доколку свечената изјава која ја дадоа 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден советник на Левица се прогласат за невалидни, како и изборот на претседателот на Советот на општината, кој е извршен по дадената заклетва, во тој случај, тие ќе се жалат пред Управниот суд.

Неизвесно е како ќе разреши проблемот, со оглед на тоа дека во моментов нема двотретинско мнозинство за промена на Законот за локална самоуправа во Собранието. Доколку изјавите со името Република Македонија завршат пред Уставниот суд ќе се отвори прашањето за нивната уставност, посочи деновиве Светомир Шкариќ, професор по уставно право.

Извор: DW.COM

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...