24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Јакимовски првиот работен ден го почна во судница

Градоначалникот Јакимовски првиот работен ден го почна во судница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стевче Јакимовски, на вториот ден откако ја превзеде градоначалничката функција, денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Сепак Јакимовски не се задржа долго во судница, бидејќи неговиот адвокат Виктор Цветковски не се појави на рочиштето.

<

Обвинетиот појасни дека неговиот адвокат бил во контакт со заразени од Ковид-19, односно целата негова фамилија била заразена.

Судијата Осман Шабани побара Јакимовски да се слушне со неговиот адвокат и да го информира судот дали е заразен и дали се наоѓа во изолација. На Јакимовски му се суди за кривично дело од времето кога беше градоначалник, односно за незаконска легализација на објекти, меѓу кои и за просторот кај поранешниот ресторан „Имес“, и градењето на административната зграда на Општина Карпош. Обвинението за овој случај беше поднесено во 2019 година, а оттогаш се одржале неколку судски рочишта. Но, од пред неколку месеци предметот е вратен од почеток, бидејќи судијата Горан Бошевски беше разрешен, а предметот го наследи судијата Осман Шабани. Освен Јакимовски, во овој случај обвинети се уште 10 лица, од кои петмина признаа вина и се спогодија со обвинителството.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...