13.9 C
Ohrid
среда, јуни 25, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски покажа 61 потпис: Чекаме оставка на Заев во понеделник

Мицкоски покажа 61 потпис: Чекаме оставка на Заев во понеделник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција покажа список со, како што вели, потписи од 61 пратеник кои го сочинуваат новото парламентарно мнозинство, што, според него, покажува дека оваа влада паѓа.

<

-Во периодот што следува ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи ако сум сигурен дека ќе биде влада на сериозен кредибилитет, со силни институции што ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите – изјави Мицкоски, додавајќи дека негова цел е формирање на политичка влада која ќе го истера мандатот до 2024 година.

Ако не се постигне оваа цел и не обезбеди полна ефикасност на владата потребна за справување со кризите, борба против корупцијата и криминалот, тогаш, додаде тој, единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори.

-Ја очекуваме оставката на Зоран Заев до парламентот во понеделник. Во спротивно, ја отпочнуваме постапката за изгласување на недоверба на владата – рече Мицкоски, обвинувајќи ја владата дека се плаши дека ќе ги загуби привилегиите.

Исто така, тој посочи дека очекува актуелното мнозинство дополнително да расте со нови пратеници, со цел да биде поразен СДСМ, но и да се развласти ДУИ.

Fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перо Антиќ откри: Панчо ќе направи концерт во чест на жртвите од трагедијата во кочани

Поранешниот кошаркар Перо Антиќ, гостувајќи во поткастот кај Бојан Јовановски – Боки 13, сподели емотивен момент од негов телефонски разговор со Панчо од ДНК,...

Не е мито подарок до 3.000 денари: Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра

Подароци во вредност до 50 евра ќе можат да примаат вработените во јавниот сектор, без да се сметаат за мито. Со измените во Предлог...

СВР Охрид: 75-годишен охриѓанец починал по службен разговор во полиција

На 23.06.2025 во 16.40 часот во полициската станица Охрид, откако полициски службеници извршиле службен разговор со 75-годишен охриѓанец, на излезот од објектот на...

Судењето за таткото на Васил Јованов е одложено

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов – младиот возач кој во јануари годинава ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“...