15.9 C
Ohrid
вторник, април 22, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Македонија доби нови униформи...

Полицијата во Македонија доби нови униформи…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Продолжува опремувањето на полицијата – нови униформи за униформираната полиција и други единици на МВР

<

Во насока на континуирано унапредување на условите за работа на полициските службеници раководството на МВР продолжи со активностите за набавка на нови униформи за сите полициски службеници, па нови комплет униформи добија и припадниците на униформираната полиција и други единици во Министерството за внатрешни работи, кои денеска беа промовирани во кругот на Министерството за внатрешни работи.

Конкретно, за опремување на униформираната полиција набавени се целосни униформи во состав од 10.000 зимски јакни и 8550 високи специјални чизми чија испорака се очекува почеток на 2022 година, 20.000 летни и зимски панталони, 10.000 чевли со дебел ѓон и 20.000 летни и зимски капи со испорака во текот на следниот месец и испорачани 10.000 кошули со краток и 10.000 со долг ракав, 8.000 поло маички, 10.000 полувисоки чевли и 8.000 чевли со тенок ѓон и флуоресцентни елечиња.

„Во овие пет години направивме системски напори за унапредување на работата на сите полициски службеници и воспоставување функционален амбиент со нормални услови за работа, при што задоволната полиција ќе овозможи и поквалитетен сервис за своите граѓани“, потенцираше министерот Спасовски на денешното претставување на новонабавените униформи во кругот на Министерството за внатрешни работи.

Инаку, целосно нови униформи добија повеќе организациони единици во полицијата, меѓу кои Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност, популарно наречената „Шеста управа“, која доби дводелна цивилна облека и обувки, за воздухопловниот персонал и Хеликоптерската единица набавени се летечки јакни и специјални заштитни и летечки комбинезони, а целосно нова униформа е обезбедена и за младите полицајци и приправници.

Имено, со доаѓањето на чело на МВР на министерот Спасовски, како резултат на посветеноста за унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, реновирани се над 60 објекти и полициски станици на МВР, специјалниците единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, исплатени беа три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, обезбедени се поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, со што министерството бележи значително подобрени перформанси во борбата со криминалот, сообраќајната безбедност и севкупната безбедноста на граѓаните на целата територија на нашата држава.

Актуелното раководство на МВР ќе продолжи да соработува со Македонскиот полициски синдикат, да го слуша нивниот глас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата, со цел заеднички да се унапредуваат условите за работа и да се подобруваат материјално-техничките добра на полицијата и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицецот Ќазим Адеми со предлог до колегите: Парите од бонус платата да ја донираме на семејствата на повредените и загинатите во Кочани

Почитувани вработени во министерството за внатрешни работи почитуван министер Панче Тошковски ајде сите вработени кои исполнуват услов за бонус плата истата едногласно да ја...

Мајка ќерка од Кичево се тепале на регионалниот пат за Битола.

На 21.04.2025 во 17.05 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на регионалниот пат Кичево-Битола, по претходна расправија, настанал физичка пресметка помеѓу...

Драма за Велигден во Македонија: Го тепале па го фрлиле од тераса

Тројца жители на кривопаланечкото село Конопница вчера физички го нападнале, а потоа и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот А.С. од истото село,...

Повредениот од пожарот во Кочани, Јордан Ефтимов стана дел од тимот на „Support Kocani“

Јордан Ефтимов, еден од преживеаните од трагедијата во Кочани со изгореници на двете раце започна со хакагонот за правда, предводејќи тим на програмери кои...