25.9 C
Ohrid
недела, јули 13, 2025
ПочетнаМакедонијаДодека јавноста беше загрижена каде е премиерот Заев и што прави, тој...

Додека јавноста беше загрижена каде е премиерот Заев и што прави, тој денес го искористил прекрасниот ден за возење мотор.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во изминатите неколку денови главна тема на политичката сцена во државата е владиното мнозинство како и гласањето на недоверба на Владата.

<

Јавноста гледаше различни сценарија. Мицкоски најави дека има мнозинство кое би можело да состави и нова Влада. Подоцна следуваше демант од Гаши кој рече дека со сигурност има мнозинство за недоверба на Владата, но не и за составување на нова.

Се појавија шпекулации и дека еден од пратениците бил изманипулиран, односно не знаел дека и Левица ќе биде дел од коалицијата, поради што ќе се повлече. Подоцна и тој информираше дека е за растурање на владиното мнозинство, но не е за составување на Влада со Левица, која е анти-НАТО и анти-ЕУ насочена.

Имаше информација и дека три пратеници од ДУИ ќе заминат и ќе дадат зелено светло за недоверба на Владата. Подоцна и тоа беше демантирано од високите членови на партијата.

Се прават многу математики, шеми, кој со кого ќе направи коалиција, кој кого ќе “предаде“. Но, тивко сите размислуваат за едно прашање, иако никој истото не го постави: КАДЕ Е ЗОРАН ЗАЕВ?

Ексклузивно news51 дознава дека Зоран Заев викендот бил во фамилијарна и пријателска атмосфера. Ги полнел батериите. Воопшто, барем пред луѓето со кои се дружи не покажал нервоза, ниту пак загриженост. Бил целосно смирен, насмеан и со ведар лик. Недела, денес, го искористил денот за возење со мотор, во друштво на своите пријатели…

Дали тоа значи потврда на неговата оставка во понеделник или враќање на голема сцена во политиката – ќе дознаеме наскоро!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Крвава семејна веселба во Прилеп: Двојно убиство и самоубиство!

Прилеп е во шок по вчерашната трагедија во една од градските населби, каде што заложничка драма заврши со тројца загинати. Според првичните информации од...

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...