17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаДанела: Луѓето планираат да се селат на Марс и патуваат до месечината,...

Данела: Луѓето планираат да се селат на Марс и патуваат до месечината, се е возможно, па така возможен е и бесплатниот градски превоз !!

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вели дека нема да го продолжи проектот Бас рапид транзит (БРТ) од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

Јас БРТ не ветив, јас ветив брз навремен и беплатен превоз и 250 автобуси, БРТ беше на претходниот градоначалник, кој што не беше избран, што би значело дека граѓаните не го одбраа овој проект. Јас ќе се фокусирам само за она за кое скопјани ми дале мандат, порача Арсовска.

Со цел наоѓање идеално решение најави дека ќе одржи состанок со експерти, како и лица кои биле вклучени во активностите. Паралелно се надоврза на нејзиното ветување за слободен јавен превоз за сите граѓани, ветување кое наиде на голем број реакции.

-Луѓето планираат да се селат на Марс и патуваат до месечината, се е возможно, па така возможен е и бесплатниот градски превоз. Имено, станува збор за нешто што е имплементирано во други развиени земји, појасни таа барајќи да и се даде потребно време за реализација.

-Досега не се бараше отчетност за лошото менаџирање, а за мене се бара за два дена мандат, јас тоа што го кажав ќе го реализирам меѓутоа не можам за два дена, првенствено дојдов тука, а половина од вработените се заминати на работа, изјави градоначалничката Арсовска.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...