13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаИстрага за внукот кој до смрт ја претепа својата баба во Топаанско

Истрага за внукот кој до смрт ја претепа својата баба во Топаанско

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец, кој е осомничен дека го сторил кривичното дело „убиство“ според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Скопје.

<

На 6 ноември, во семејниот дом на улицата „Никола Малешевски“, при семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Со жртвата тој прво започнал вербална расправија за финансиски средства, по што физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по главата и лицето. Од ударите оштетената паднала, по што осомничениот продолжил да ја удира со тупаници и нозе, нанесувајќи и повеќе телесни повреди од кои починала, велат од скопското Обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да се обиде да ги прикрие трагите за стореното кривично дело.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...