4.4 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаВo моментов се вади опремата за копање криптовалути од ГТЦ и се...

Вo моментов се вади опремата за копање криптовалути од ГТЦ и се дислоцира со комбиња

Денес во Градскиот трговски центар екипата на Инфомакс, заедно со уште неколку новинари, затече десетици компјутери за копање на криптовалути популарно наречени ригови кои се диво приклучени на електричен приклучок на ГТЦ.

Полициските службеници кои пристигнаа на местото на настанот, без да влезат во објектот, констатираа дека нема кривично дело и кратко потоа објавија и официјално соопштение во кое се вели дека не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело.

„Денеска во 14.45 часот во СВР Скопје А.М. пријавил дека во магацините на ГТЦ имало поставено машини за копање крипто валути односно дека заради наводна интернет трговија со крипто валути, извесни лица извршиле кражба на електрична енергија, со цел да го опслужат неопходниот капацитет на нивните компјутерски машини неопходни за трговија со крипто валути. Полициски службеници веднаш излегоа на лице место согласно пријавата, извршија разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдија дека за броилата, кои се во приватна сопственост, не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик. Во август 2021година по претходно добиен оперативен податок за истото кривично дело “кражба на електрична енергија”, исто така е постапувано од страна на полицијата на истата локација и не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути. Имено, копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во кривичниот законик на РМ“, соопштија од МВР.

Директорот на Градскиот трговски центар, Ѓоко Трајчевски, изјави дека не бил информиран за тоа што се случувало во неговиот објект и дека прв пат слушнал за тоа од медиумите.„Денеска дознав од медиумите, и јас сум запрепастен за ова што се случува во Гратскиот трговски центар, најодговорно тврдам дека не може да се контролира ситуацијата, бидејќи се работи за 500-600 дуќани, магацински простор, деловен простор и многу други простори коишто гравитираат низ ГТЦ“, изјави Трајчевски..

Трајчевски додаде дека утре ќе се информира во полицијата, за да види што понатаму.

Од објавувањето на прилогот, не излезе да демантира дека во тој објект се копаат криптовалути, ниту пак се огласи сопственикот, односно закупецот на просторот, да одрече дека таму се прекршува законот.

И покрај тоа што никој не се јави да демантира, и, според МВР, нема елементи на кривично дело, сепак, доцна вечерва, камерите на Инфомакс снимија како се вади опремата од магацинот со комбиња се дислоцира. Сето ова се случува на економскиот влез по 21 часот, и покрај тоа што овој влез веќе треба да е затворен.
Пишува: Инфомакс

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Вања тврди дека не се познава ниту со Палчо, ниту со другите тројца осомничени

Притворениците и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство. Тројца од четворицата осомничени кои се во истиот затвор, признаа вина. Тие пред обвинител...

Исчезнатата 22-годишна девојка се вратила во домот !!!

МВР попладнево соопшти дека се вратила дома девојката (22) која беше пријавена дека се одалечила од домот.

Од МВР демантираат: Скопјанецот не напаѓал случајни минувачи, го нападал неговиот познаник !!

ДЕМАНТ: СВР Скопје го расчисти инцидентот во врска со споделено видео по портали за маж кој наводно агресивно се однесувал кон случајни минувачи -...

Се трага по 22-годишна девојка, таткото пријавил во полиција дека ја нема.

Денеска (09.12.2023) во 04.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.М.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Т.М.(22) од Скопје. Се преземаат...