27.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаСветГрадоначалникот Атанас: Сум ја оставил колата отклучена и некој ми подметнал пари...

Градоначалникот Атанас: Сум ја оставил колата отклучена и некој ми подметнал пари и списоци внатре, а јас се колнам дека гласови не сум купувал !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на бугарскиот град Сандански Атанас Стојанов кажа дека некој го мести откако во неделата беше уапсен за купување гласови за време на парламентарните избори кај источниот сосед.

<

Откако помина 24 часа во полициска станица, тој изјави дека не знае ништо за пликовите со пари и списоците со имиња кои што беа најдени во неговиот автомобил во неделата попладне, по пријава на граѓанин.

„Воопшто не сум ги допрел пликовите кои што беа најдени во мојот автомобил. Веројатно некаде сум ја оставил колата отклучена и ми ги ставиле. Со рака на срцето кажувам дека немам врска со тоа“, изјави Стојанов по апсењето и најави дека ќе поднесе тужба против лицето кое му ги подметнало, ако некогаш биде пронајдено.

Од бугарската полиција велат дека истрагата за случајот продолжува.

Стојанов беше потпретседател на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, но и двајцата поднесоа оставки вчера по катастрофалните резултати на изборите во неделата. ВМРО-БНД освои 1 отсто од гласовите и нема да има пратеници во бугарскиот парламент.

Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...

Крвава расправија во Штип: Жена го повредила сопругот со остар предмет

На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за...

Убиецот Димитар Спасов од Неготино, веќе не е во Бардовци

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...