24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаМајката на Пино: Сопругот почина, НЕ ДОЧЕКА ДА ГО ВИДИ УБИЕЦОТ ЗАД...

Мајката на Пино: Сопругот почина, НЕ ДОЧЕКА ДА ГО ВИДИ УБИЕЦОТ ЗАД РЕШЕТКИ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мајката на Пино Секондо кој беше убиен на крајот на 2018 година, а по кого се трагаше со месеци и за чие убиство осомничениот е во бегство вели дека од тој момент таа нема живот.

<

За убиството се гони Фуркан Али, кој е во бегство, а Ангела Ѓорѓиевска е осудена на 19-годишна затворска казна поради помагање во извршување на убиството и во моментов ја отслужува казната.

– Да, жива сум, функционирам, но родителите кои изгубиле дете знаат каков е тој живот и како ми се кине душата со секој нов здив. Загубата на чедото те раскинува, ама раскинува и чекањето на некаква правда, ако може тоа така да се нарече-во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува Маја Трпковска, мајка на Пино, кој беше свирепо убиен кон крајот на 2018 година, а неговото тело беше случајно пронајдено во април 2019 година.

Мајката вели дека ништо не може да го врати назад нејзиното дете, а неправдата која им се случи никогаш нема да престане да им тежи. Прашува како може убиецот се уште да е на слобода, никој да не знае каде е, и вели дека нема да дозволи случајот да падне во заборав.

– Мојот сопруг, таткото на Пино, си замина од овој свет, не дочека да го види убиецот на нашето дете зад решетки. Јас сум мајка на Пино, но тој му беше и татко и најдобар другар. Додека траеше потрагата, кога јас постојано излегував пред македонската јавност, мојот сопруг само еднаш даде интервју, и тоа за медиум од Италија, вели таа.

Додава дека добро му било познато како се функционира во Македонија, бил сведок на секојдневни нелогични настани кои во Македонија се вообичаени, а никаде во светот не можат да поминат туку – така, затоа и немал доверба во никого, ниту во институции, ниту во закони.

Поради тоа, тој молчеше во Македонија. Загубата на синот, посебно на начин на кој се случи, сите не уби. Ми почина сопругот тивко, во мојата прегратка, се прегрнавме и тој ги затвори очите и не се разбуди, останувам сама да се борам за правдата и вистината да излезат на виделинам, рече таа за Фокус

Таа додава дека никогаш нема да се откаже од борбата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...