25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаБеса Транс нема повеќе право да врши превоз на патници !!!

Беса Транс нема повеќе право да врши превоз на патници !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата Беса Транс БТБ и се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност, информираа вечерва од Министерството за транспорт и врски.

<

„После официјално доставените податоци од Министерството за внатрешни работи, а во однос на опожареното возило со регистарски број SK-0284-BA во сопственост на фирмата Беса Транс БТБ, кое учествуваше во сообраќајната несреќа со трагични последици во Бугарија, Министерството за транспорт и врски утврди дека за споменатото возило нема издадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид на јавен превоз на патници.

„Истото возило не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци и извод од лиценци за вршење на јавен внатрешен и/или меѓународен превоз на патници која ја води Министерството за транспорт и врски.

Притоа, напоменуваме дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата Беса Транс БТБ, а возилото кое учествуваше во несреќата не е меѓу нив.

Притоа, фирмата е должна веднаш да ги депонира лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и изводите од лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници до Министерството за транспорт и врски.

Дополнително, Владата на Република Северна Македонија на последната седница го задолжи Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор на превозникот Беса Транс БТБ.

Министерството за транспорт и врски е во целосна координација со останатите државни институции и стои на располагање со целокупната база на податоци“, се наведува во соопштението.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...