4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридскиот Робин Худ се вика Димче: За него секој проблем има решение,...

Охридскиот Робин Худ се вика Димче: За него секој проблем има решение, се што има дели со сиромашните !!!

spot_img

Охрид има езеро, плажи, туризам и туристи… Цркви, манастири, но таму живее и еден Робин Худ…  Не станува збор за измислен лик или замислен „фраер“, туку за човек кој несебично го дели со сите и она што го има и она што го нема, пишува ВЕЧЕР.МК

Неговото вистинско име е Димче Каневче, а неговата можеби не примарна професија, но животно мото е да им помага на другите. За себе вели, хуманоста, добробитието и добрината воопшто или ги имаш или ги немаш во себе.

За среќа, ги имам, а всадени ми се како вредности уште од мал, кога моите ме учеле дека треба да сум благодарен на она што го имам, затоа што многу други не можеле да имаат ни дел од она што ми било овозможено (не да се претерува, но барем основните работи сум ги имал во изобилие), вели Димче, кој со хумантирана работа се бави одамна. За него не постои проблем, ситуација за која нема решение. И што е најважно не е сам, поддршка има, желба има и што е најважно љубов има.


– Секогаш сум бил и се уште сум за правда за оној кој ја заслужува, секогаш сум бил и денес сум за секој да има онолку колку што му е потребно, секогаш сум бил а и сега сум да се помогне каде што има потреба. Така, уште од најраното детство ме имало во скоро сите активности со добротворен карактер, во школските клупи, на вонучилишните активности, во активности и акции на разни здруженија, а најмногу во Младинскииот совет, каде 20 години се вложував себеси, во средношколските и студентските активности и тоа секогаш како организатор и најчесто носител на тие активности. Како поминуваше времето, сфатив дека не секогаш мора да сум дел од група, па почнав самоиницијативно да барам приказни на кои им треба барем навидум среќен крај. Така, знаејќи семејства кои не можат да врзат крај со крај, почнав да организирам разни собирни акции, при што на тие семејства им обезбедував облека, обувки, покуќнина, храна, средства за хигиена, играчки… Не беше лесно, па поддршка барав од најблискиот круг со кои секојдневно функционирам, но сето тоа подолго време беше во еден ,,затворен круг,, затоа што не ми беше важно заедницата да знае за тоа што го правев. Се додека работата не ,,излезе,, од контрола. Почнаа да ме бараат се повеќе семејства кои имаа најразлична потреба, а најмногу храна и средства за хигиена. Тогаш си го поставив прашањето ,,што сега,, по што следуваше дилемата ,,да прекинам зашто не се издржува финансиски, пред се,, или да го проширам кругот јавно, надевајќи се дека ќе има подржувачи. И за среќа, ги има/ше. Следејќи ја мојата девиза дека на светот има повеќе добри луѓе, одлушив да продолжам. Почнав да објавувам фотографии од акциите на ФБ, секако, со предходно добиена согласност од луѓето на кои им помагав, со апел дека и други семејства чекаат на нас, па започна една нова двонасочна комуникација, се јавуваа добри луѓе кои сакаа да помогнат, наспроти семејства на кои им е потребна помош. И се беше полесно. До денес тоа функционира така, па во активностите ме поддржуваат локални индивидуалци кои со производи, услуги или финансии ги поддржуваат моите акции, но и луѓе кои се во странство, а ги следат моите објави, кои ми праќаат финансии за некоја акција да се заврши. Морам да напоменам дека поддршката претежно доаѓа од луѓе од некоја си средна класа, претежно непознати за мене (секако, дел се и мои долгогодишни пријатели за што секојдневно им се заблагодарувам), а многу малку поддршка добивам од компании, иако верувам и сум убеден дека многу повеќе добро знаат што правам и колку тие можат да помогнат. Но како што кажав, секоја една работа или ја имаш во себе или ја немаш, и тука нема замерки.

Колку е тешко или лесно и во околината да се „разбуди“ емпатијата на луѓето и како доаѓаш до сите оние помагатели кои се дел од твоите акции?

– Лесно е да се разбуди емпатијата кај луѓето, особене ако се земе фактот дека секој од нас не погодува различна судбина. Кога објавувам ,,приказна,, точно знам кој од оние кои веќе помогнале повторно ќе се јават за да помогнат. На ист начин ги откривам и новите донатори до кои на некаков начин допрела  прикаската. Ќе се повторам, ако кажам дека е лесно да соработуваш со луѓе кои имаат душа, кои сочуствуваат, кои знаат што значи да немаш. Тешко е да стигнеш до оние кај кои нема емоција, кај оние кои не ме разбираат, кај оние кои секогаш имале, без разлика како стигнале до тоа имање. Но, за среќа, секогаш сум на страна на овие првите кои се повеќе од доволни за се ова да функционира. Не сум оптоварен со бројка, со рок, со резултат. Само сакам да стигнам навреме ако е неопходно. И иако ова го правам самоиницијативно, јас никогаш не сум сам, затоа што секогаш сум на страната на решението – не на проблемот. Нудам решение, за кое луѓето ме бараат да помогнат. Ми пишуваат на мојот личен профил на ФБ, пишуваат на страната на ,,Кај Каневче,, мојот ресторан, ме бараат на телефон, ме застануваат на улица.

– Искрено повеќе пати се преиспитувам, дали ме злоупотребиле одредени семејства, за кои можеби за момент сум се посомневал, но на крај секогаш одговорот е НЕ. Земам предвид дека секое семејство кое е посетено има некаков проблем кој му оневозможува нормално да живее и тоа е сосема доволно да го оправдам подавањето на мојата рака. Може ли да те злоупотреби семејство во кое нема вработени, семејство во кое има болно дете, семејство во кое 11 гладни усти секојдневно чекаат храна, еднородителски семејства кои не можат да обезбедуваат егзистенција, затоа што нема кој да ги чува децата, семејства во кои родителите се зависници од наркотици, семејства каде мајката ,,се продава,, за да го прехрани семејството, семејство каде децата немаат родители, а за нив се грижат други членови од фамилијата? Не, нема злоупотреба, сигурен сум. И мирно спијам поради тоа.
За повеќе детали Тука
Извор: Вечер.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...