10 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаКој е Димитар Ковачевски потенцијалниот наследник на Заев-Средно завршил во Минесота, се...

Кој е Димитар Ковачевски потенцијалниот наследник на Заев-Средно завршил во Минесота, се усовршувал на Харвард.

spot_imgspot_img

Според биографијата објавена на официјалната страница на Владата, 47-годишниот Димитар Ковачевски е роден во Куманово. Доктор е на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, најверојатно е идниот мандатар и идниот претседател на СДСМ, откако тој денеска седна на иста маса со премиерот Зоран Заев и со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Присуството на Ковачевски на состанокот во Клубот на пратеници е доволно за да се заклучи дека токму тој е наследникот на Зоран Заев, особено откако ТВ21 синоќа објави дека на средбата ќе има три столчиња, а на третото најверојатно ќе седне идниот мандатар, односно новиот лидер на СДСМ.

Средно образование завршил во Минесота
Според биографијата објавена на официјалната страница на Владата, 47-годишниот Димитар Ковачевски е роден во Куманово. Доктор е на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Тој е предавач на додипломските, последипломските и докторските студии и автор е на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент објавени во меѓународни научни списанија и конференции.

Работната кариера ја започнува во Македонски телеком АД Скопје како соработник за финансии и координатор за регулирање и хармонизација на контрола на финансии (1998-2005), а потоа напредува на низа менаџерски позиции, директор на управување со маркетинг и продажба (2005-2008), директор на маркетинг комуникации (2008-2010), директор на комуникации (2010-2016) и директор на резиденцијална продажба (2016-2017). Бил дел од меѓународниот бренд комитет и меѓународниот комитет за комуникации на Дојче Телеком (2008-2016). Потоа станува Извршен директор на оне.Вип Македонија, А1 Македонија, дел од Телеком Австрија Групацијата (2017-2018). Дел е од воспоставувањето високотехнолошка старт ап компанија за производство и развој на елементи за производство на електрична енергија од обновливи извори (2018-2020). Во текот на професионалната кариера работи на низа корпоративни проекти за интеграција на деловни процеси заради зголемување на ефикасноста и профитабилноста на компаниите. Дел е од проектните тимови за имплементирање на SAP интегриран систем за управување со материјалното и финансиско работење и CRM интегриран систем за управување со клиенти.

Средното образование го започнува во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, а го завршува во Вотервил Елизиан Мористаун Гимназијата во Минесота, САД. Во 1998 година дипломира на Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Економски Факултет, а на истиот факултет магистрира во 2003 година. Докторските студии по економија ги завршува на Економскиот факултет на Универзитетот Црна Гора во 2008 година каде се стекнува со титулата доктор на економски науки.

Се усовршувал на Универзитетот Харвард
Стручно усовршување поминува на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година, Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот Универзитет во Минхен каде стана ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година, Ротердам Школото за Менаџмент при Еразмус Универзитетот во Холандија во 2016 година и ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија во 2017 година.

Зборува течно англиски јазик, се служи со германски јазик и користи низа интегрирани информациони системи.

Академската кариера ја започнува како насловен доцент на Њу Јорк Универзитетот во Скопје (2009-2012), а ја продолжува како доцент на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (2012-2018). Во 2018 година е избран за вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Дел е од низа меѓународни и домашни проекти меѓу кои се Проектот Интернационализација преку онлајн микро мастерс и виртуелна мобилност спроведен од Витаутас Магнус Универзитетот Литванија, ДОБА Бизнис Школо Словенија, Истанбул Универзитет Турција и ИКС Скопје (2020), Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) и СБ, Подпроект: Капацитет и иновации на туристички услуги за одржлив локален економски раст во Северна Македонија спроведен од Фајнанс Тинк и Институт за економски истражувања и политики Скопје (2019), Проектот за зголемување на конкурентноста на мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија, спроведен од Институт за економски истражувања и политики Скопје (2019) и Проектот е-ПРОФМАН, Програма за професионален развој за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации спроведен од ДОБА Бизнис Школо Словенија, Истанбул Универзитет Турција и ИКС Скопје (2016-2017).

Во 2020 година беше дел од Економскиот Советот на Владата на Република Северна Македонија за справување со економски последици предизвикани од пандемијата од вирусот ковид-19.
плусинфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...