22 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначаникот ќе брка 60 вработени, една година не биле појавени на работа...

Градоначаникот ќе брка 60 вработени, една година не биле појавени на работа !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Костовски: Од понеделник 60 вработени во Општина Бутел повеќе нема да бидат во работен однос, дел се немаат појавено на работа со години..
Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека од понеделник шеесет вработени лица во Општина Бутел повеќе нема да бидат во работен однос.

<

-Почитувани граѓани на Општина Бутел, од понеделник шеесет вработени лица во Општина Бутел повеќе нема да бидат во работен однос, голем дел од овие вработени, поточно триесетина лица воопшто се немаат појавено на своето работно место со години, дел се појавувале повремено, додека пак дел биле редовни но немале буквално никакви работни задачи. Секако за ова доказ е системот за евиденција на работно време.

Без никаква етничка, верска или политичка разлика, по моја добра анализа еден мал дел имале конкретни работни задачи при што увидов дека истите лица имаат желба за работа и токму затоа договорите за работен однос ќе им бидат продолжени. За да појаснам станува збор за вработени лица со договор за работа на определено време, договорот на овие лица официјално завршува утре на 20.11.2021 година.

Општина Бутел не смее да биде заложник на вакви нити пак слични ситуации во иднина, потрошени се премногу средства сосема непотребно, средства со кои можело да се направат голем број проекти за добро на граѓаните.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...