13.9 C
Ohrid
недела, мај 11, 2025
ПочетнаUncategorized @mkСудот во Стразбур реагира за состојбата на Камчев

Судот во Стразбур реагира за состојбата на Камчев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одбраната на Орце Камчев повеќе пати се обраќаше до Кривичниот суд во Скопје каде бараше итно да дојде кардиолог интернист во затворот во Шутка и да го прегледа поради континуираното влошување на неговата состојба. По неколку неуспешни обиди, неговата одбрана се обратила до Европскиот суд за човекови права со Стразбур по што од таму реагираат најдоцна до 24 ноември, Владата да даде информации за состојбата на Камчев за барањето на жалителот од 29 октомври 2021 за издавање дозвола за влез во КПУ Затвор Скопје на доктор интернист/кардиолог, вешто лице од областа на интерната медицина за да изврши преглед на г-динот Камчев, испратено до Основниот Суд Скопје. Доколку е применливо, Судот во Стразбур ја бара на увид одлуката, доколку не е одлучено по барањето на жалителот Судот ја повикува Владата да го извести за причините зошто истата ја нема.

<

Исто така, Судот во Стразбур бара образложение од Владата на Македонија и за последниот медицински третман на жалителот во врска со неговата срцева состојба. Конкретно, на кој начин и до кој степен националните власти му обезбедиле на Камчев редовен медицински третман од кардиолог и/или медицински прегледи со помош на ехокардиографија и/или коронарографија?

Европскиот суд за човекови правасогласно со правилото 39 од Правилата на Судот во случајот на г-дин Камчев, а поради причината на флагрантно и континуирано кршење на неговите основни човекови права, е во постапка за изрекување на времена мерка со која на Македонските власти треба да им се наложи под итно да извршат медицински преглед од кардиолог и итно ослободување и сместување во домашен притвор поради неговата влошена здравствена состојба.

На 30 јуни оваа година поради сериозно влошена здравствена состојба Јордан Камчев беше задржан 5 дена на Клиниката за Кардиологија во Скопје откако претходно, неколкупати по влошување на неговата состојба беше пренесуван на истата клиника од затворот во Скопје. Во извештајот кој е добиен од страна на докторите по хоспитализацијата, неговата здравствена состојба е карактеризирана како тешка, животозагрозувачка и истата треба со внимателност да се следи, за што е инициран и преглед месец и половина подоцна кој сè уште не е реализиран.

Овие извештаи само ја потврдија состојбата на хронично срцево заболување на г-динот Камчев. Медицинските белешки потврдени од кардиолози од Македонија како и од кардиолози од Австрија и Словенија укажуваат на тоа дека тој спаѓа во групата на „пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми’’ и постои висок ризик со животозагрозувачки последици доколку неговата состојба не е соодветно третирана и следена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Турски државјанин со капак од шахта се обидел да убие сограѓанин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство...

Убиство во Србјани кичевско: Со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката се е во нконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“. Околу...

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за...

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда. 21 годишниот турски државјанин К.К. во Штип дошол специјално од Адана поради крвна одмазда. Ова...