13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаДедо Стојан од Скопје: Многу сум осамен и уморен, другари ми се...

Дедо Стојан од Скопје: Многу сум осамен и уморен, другари ми се врапчињата кои доаѓаат на мојот прозор, не се плашам и утре да умрам !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стојан Тодоров е седумдесет и четиригодишен човек кој живее осамен и сиромашен живот. Тој другарува само со врапчињата кои доаѓаат на неговиот прозорец по трошки. Зашто колку и да нема, овој човек има големо срце.

<

Чичко Стојан пораснал во населбата Гази Баба во Скопје. По завршувањето на основното образование, веднаш се вработил и добро заработувал. Од жал за една девојка која имала тежок живот, а тој добро ситуиран, се жени со неа и создаваат семејство. Не ни претпоставува дека таа ќе биде причината, поради која еден ден ќе заврши како социјален случај.

Таа постојано го лажела, не сакала да работи. Велела деке ќе оди кај мајка и, а ја немало со денови. Затоа, еден ден чичко Стојан ќе одлучи да стави крај на тој брак. Девојчето кое се родило од нивниот брак, живеела со мајката. Чичко Стојан не сакајќи да плаќа на таа жена бидејќи ненаменски ги трошела парите, еден ден одлучува да ја напушти својата работа и со тоа ја прави најголемата грешка во својот живот.

Кога бил помлад го служело здравјето. Можел да работи приватно и да се прехранува. Но, како му натежнуваат годините, а куќата оставена уште од неговите дедовци почнува да попушта од сите страни, тој од угледен човек станува социјален случај. Почнува да се храни по народни кујни, цркви и живее со донации од луѓето.

Чичко Стојан денес живее само со шест илјади денари месечно социјална помош. Се бања во корито, во собата чиј плафон само што не се срушил врз него.

„Кој век е сега да се бањаш во корито. Јадам слаба и неквалитетна храна. Не можам да си дозволам повеќе. Патлиџан и салата немам пробано со години. Јадам само сув леб и чорби. Месото е измислена именка за мене – со тажни очи ни раскажа овој сиромав човек за емисијата „Срце на дланка“.

Чичко Стојан денес живее само со шест илјади денари месечно социјална помош. Се бања во корито, во собата чиј плафон само што не се срушил врз него.

„Кој век е сега да се бањаш во корито. Јадам слаба и неквалитетна храна. Не можам да си дозволам повеќе. Патлиџан и салата немам пробано со години. Јадам само сув леб и чорби. Месото е измислена именка за мене – со тажни очи ни раскажа овој сиромав човек за емисијата „Срце на дланка“.

Немам ниту телевизор. Ми се расипа зашто тече плафонот од сите страни. Барем тој во заднина да ми збори, да не живеам како утка, продолжува овој осамен човек.

„Сам перам. Ќе стоплам вода, ќе ги попарам алиштата. Ќе ги исцедам и ќе ги пружам. Понекогаш со рендан сапун перам, а понекогаш и без ништо.“

„Не се дружам со никој. Си правам муабет само со врапчињата. Само тие ми ја разбираат маката. Ако соседите фрлат некој стар леб, ќе го исушам и нив ќе им го истрошам.“

Многу сум осамен. Многу сум разочаран од животот. Не се плашам ако умрам. Ама се живее ли вака во 21 век. Не верував дека ќе дојдам до овој степен на мизерија, ама ете морам да трпам. Сега да ми речат излези ќе те стреламе, око нема да ми трепне. Па, ова не е живот! – додава тој.

Животот на се ме научи, но, не и дека староста е многу тешка и осамена.

Ништо не барам. Секогаш сум бил скромен. Само да ми се санира покривот, за да не се распадне куќата. Тоа ми е најголемата желба пред да умрам.-завршува овој човек.

Доколку сакате да му помогнете на чичко Стојан Тодоров од Скопје тоа може да го направите на телефонскиот број 077/702191 или на сметката 210501676955740

Автор

Оливера Петрушевска Приказна Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...