1.8 C
Ohrid
четврток, декември 2, 2021
Почетна Забава Еве како денес изгледа и со што се занимава Иван Каровски, момчето...

Еве како денес изгледа и со што се занимава Иван Каровски, момчето од македонските народни приказни.

Translate (Eng):[gtranslate]

Еве како денес изгледа и со што се занимава Иван Каровски, момчето од македонските народни приказните кои ги освои симпатиите на публиката!

Иван Каровски е роден 1971 година во Скопје, каде што завршил основно и средно образо- вание. Во 1990 година се запишал на Факултетот за драмски уметности, Отсек за драмски актери.

Во 1992 година по покана на Ѓорѓи и Шенка влегува во приказните и активно учествува во нив. Станува препознатлив лик од приказните и еден од водечките ликови на овој серијал. Активно учествува се до последните епизоди на оваа ненадминлива серија. Со своите особености и карактеристики станува интересен и впечатлив за публиката, таа ужива да го гледа.

РЕКЛАМА

Во 1997 година се вработил во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, како помлад асистент-истражувач. Во 2007 година е избран во звањето асистент истра- жувач. Денес работи како виш стручен соработник.

Во 1997 година се запишал на постдипломските студии на групата комуникологија. Постди- пломските студии ги завршил со магистерскиот труд под наслов: Влијанието на печатените медиуми врз изборното определување на локалните избори во РМ 2000 година.

Во изминатиот период бил вклучен во голем број проекти како соработник, финансирани како од Министерството за наука, така и од страна на други домашни и странски нарачатели. Има раководено со проектот Мониторинг на печатените медиуми за време на локалните избори во РМ, 2000 година.

Негови области од научен интерес се: комуникации, компјутерска култура, индустрии на културата и избори и медиуми.

За жал поради неговата нова работна кариера не учествува во новиот серијал приказни.

Иван е незаборавен!
.

Официјална Фб страна Ѓорѓи Колозов