16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонија„Mногу го сакам Господ, му верувам, ама зошто прерано ги зема добрите...

„Mногу го сакам Господ, му верувам, ама зошто прерано ги зема добрите луѓе?“

Mногу го сакам Господ, му верувам, ама зошто прерано ги зема добрите луѓе?“ Кога Тоше во 2004 година ја изговарал оваа реченица, која се однесувала на тогаш штотуку загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, веројатно и не помислувал дека истото прашање ќе си го поставуваат милиони луѓе и по трагичното утро на 16 октомври 2007 година кога и самиот прерано замина во легендите…

Експретседателот Трајковски и Тоше биле добри пријатели. Тоа и ден денес го потврдуваат  сопругата Вилма и ќерката Сара Трајковска, ама и сите што ги знаеле. Велат дека, меѓу другото, ги поврзувала и огромната вера во Бога, хуманоста, едноставноста, радувањето на малите нешта…

Веста за уривањето на авионот кај Ротимле, во близината на Мостар, во која животот го загуби Борис Трајковски и уште осуммина лица, многу го погоди Тоше. Бил на некое од бројните патувања во Италија и за трагедијата слушнал на аеродром, враќајќи се во Скопје. Потресен од лошата вест, знаел дека веднаш по пристигнувањето, прва работа ќе му биде да го посети семејството на настраданиот претседател. И тоа и го сторил.

Сепак, таа ноќ на Сара особено и’ се врежала една реченица која и’ ја кажал Тоше. „Седна крај мене, ме фати за рака и нонстоп повторуваше – зошто Борис го зеде Господ, зошто…? Но, она што го изговори, навистина ме пресече. Онака потресен, Тоше ми рече: ’Знам дека Господ ги зема луѓето што ги сака и оние што имаат направено мисија на земјата. Јас сум млад и мислам дека веќе имам премногу сторено за моите години‘. Иако Саеа била многу потресена од загинувањето на татко и, ваквото кажување на Тоше навистина ја фрапирало.

 

Како што седел до нејзе, Сара го потчукнува и му вели да не зборува такви работи. Го прашува како воопшто помислува дека такво нешто може да му се случи нему, кога има само 22 години… Но, наместо одговор, само ја погледнал и замолчел“.

Со оглед на тоа што Трајковски се исклучителни верници, при средбите со нив Тоше често говорел за Бога, за духовните вредности, за смирението што им го овозможува молитвата и верата. „И татко ми и Тоше“, вели Сара, „веруваа дека Господ е тој што одлучува кога некому ќе му го земе животот“.

Тогаш 22-годишното момче, како свое лично убедување, но и со желба да ја потсмири ќерката на загинатиот претседател, знаело и да ја повторува реченицата: „Господ сака добар човек да стои крај него!“ 🙁 <3

 

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...