27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПрвиот очевидец: Имаше парчиња запалени гуми, но не мирисаше на нафта, сведочи...

Првиот очевидец: Имаше парчиња запалени гуми, но не мирисаше на нафта, сведочи работник кој бил на 500 метри од несреќата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Илија Николов од Бугарија, еден од луѓето кои први се јавиле на телефонот за итни случаи 112 за да ја пријави автобуската катастрофа, за Бугарската национална телевизија открива нови детали за инцидентот во кој животот го загубија 46 македонски граѓани.

<

Николов работи на објект на 500 метри оддалеченост од несреќата и заедно со колегите санира свлечиште во близина на автопатот. Во кобната ноќ тој спиел во кампот на објектот.

– Слушнав едно грмење, но не можев да сфатам што беше. Се симнавме со колегата надолу кон Кулата и гледаме дека нешто во заштитната ограда гори. Гореше по малку, а потоа се засили постепено наназад. Се приближивме и сакавме да помогнеме, но немаше како. Веќе многу гореше, не можевме да се приближиме – изјави Илија за БНТ.

Според него, веќе имало луѓе кои излегле од автобусот на левата лента од патот. – Ми зборуваа на непознат јазик, не разбрав од каде се – додава тој.

Веднаш откако виделе дека се случила катастрофа, неговиот колега звони на 112, а тој земал рефлектор и почнал да сигнализира на автомобилите кои доаѓале. Многу возачи сопреле натрчале да им помогнат на повредените.

– Полицијата дојде за 17-18 минути и ние потоа заминавме нагоре кон базата. А, кога се симнувавме надолу видовме парчиња гуми кои горат.

Според него, мирисало на изгорено, но не почувствувал мирис на гориво. Дали заштитната ограда ја спречила задната врата да се отвори, не може да се присети затоа што се се случило многу брзо и било многу темно.

Извор: btvnovinite.bg

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...