14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаСемејството Јахи загуби седум деца во автобуската несреќа. (Видео)

Семејството Јахи загуби седум деца во автобуската несреќа. (Видео)

spot_imgspot_img

Најтажниот дел од новинарската работа при известувањето од вакви тешки настани е пренесувањето на животните судбини на жртвите. Таа тешка задача ја имаше новинарот на „Слободен печат“, Дестан Јонузи.

-Вчера се зборуваше за бројка од 20 загинати од Студеничани, но официјалната бројка е 18, а четворица од преживеаните се од оваа општина, вели Јонузи.

Една од најтрагичните стории е со семејството Јахи.

-Слободен печат беше првиот медиум што го пренесе гласот на семејството Јахи. Тоа е семејство од село Моране кое живее во Чаир. Рано утрото добив контакт со член од ова семејство, кој всушност бараше информации од мене. Загинати се една мајка со 4 деца и една мајка со две деца, а имало и две внуки од тоа семејство. Цел ден бев во контакт со член од тоа семејство. Го добив списокот на патници од бугарското МНР, но решивме да не го објавиме како редакција пред тоа да го сторат институциите. Утрото тргнав кај семејството Јахи и едниот од нив ми кажа дека му изгорело целото семејство. Наеднаш сите заминаа од куќата и со мене остана само еден човек. Го прашав каде отидоа, ми рече заминаа за Бугарија, раскажува Јонузи.

Дел од семејството учеле во училиштето во Чаир.

-Седум се деца на возраст од 7 до 12 години кои загинаа. Вкупната бројка официјална од Студеничани загинати се 18, а еден дел се поклопува со општина Чаир оти дел од семејството живееле во Чаир но и во Моране, вели Јонузи.

Семејствата се најголема поддршка за оние кои загубија блиски.

-Стапив во контакт со семејството Јахи и ноќеска. Вратени се од Бугарија но не можат да добијат никакви информации од институциите. Ним им треба морална поддршка. Тоа се практикува кај сите луѓе без оглед на верата и националноста. Болката и тагата е иста. Општините Студеничани и Чаир денес ќе заседаваат и ќе им пружат поддршка на семејствата околу погребите, вели Јонузи.

Проследете го целиот разговор во видеото
.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...