14.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСлободанка Алексовска потрошила 10.325 евра од службена картичка

Слободанка Алексовска потрошила 10.325 евра од службена картичка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

МВР соопшти дека денеска до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Слободанка Алексовска, која како поранешен раководител во Центар за вработување при Агенцијата за вработување, од службената картичка за сопствени потреби потрошила 10.325 евра. Кривичната пријава е за дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“,

<

„Пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 01.01.2014 до 30.04.2017, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ, кои биле одобрени за службени потреби и репрезентација на Центарот, а таа, со намера за себе да прибави корист, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на службените овластувања, вршела набавки на стоки и услуги за свои лични потреби, а не за потребите на службата.

С.А. со злоупотреба на својата службена положба и овластувања, постапувајќи спротивно наодредбите одЗаконот за извршување на буџетите и Законот за спречување на корупција, во периодот 2014-2017 година, за свои лични потреби и за своја сметка нанела штета на Буџетот во вкупен износ од 635.065 денари (10.325 ЕУР)“, се вели впо соопштението на МВР.

Во 2017 ревизијата на Агенцијата за вработување покажала дека Алексовска со средства од буџетот на Агенцијата купувала јајца од потполошка, машки чорапи, влажни марамчиња, козметика, аутан, спрејови, млеко за тело, смоки, цигари, мешан кашкавал и јајца од јапонска потполошка, напитоци од соја, гумени бонбони, свежа риба лосос и лаврак, сувомесни производи, овошје, фстаци и други јаткасти производи. На овој начин биле злоупотребени над 9.000 евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...