15.4 C
Ohrid
сабота, октомври 12, 2024
ПочетнаМакедонијаУчителот Мемеди за изгубените ученици: Плачат децата, плачеме и ние, ваква трагедија...

Учителот Мемеди за изгубените ученици: Плачат децата, плачеме и ние, ваква трагедија никогаш да не се повтори

Одам напред, го предводам маршот во чест на загинатите во автобуската несреќа, по мене одат учениците, наставниците, сите тивко плачат… Изгубивме пет деца, ученици од нашето училиште – во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува Метуш Мемеди, наставник по Етика на религии во основното училиште ,,Исмаил Ќемали” во Чаир.

Со растреперен глас наставникот појаснува дека сите се во шок од трагедијата, и денес кога дошле во школските клупи, учениците постојано плачеле.

SEARCH
bulevar.mk
bulevar.mk
МАКЕДОНИЈАУчителот Мемеди за изгубените ученици: Плачат децата, плачеме и ние, ваква трагедија никогаш да не се повтори!Published 19 hours ago on November 24, 2021By Уредник

SHARETWEET
Прочитај повеќе

Христо Митрев: „Не ги разбирам причините зошто 50-60 годишните мажи се откажуваат од сексуалниот живот и нивната увереност дека не постои решение.”

Благодарение на методот на чистење на крвните садови, Петра Ацески на 92 години стана светски шампион во пливање за ветерани.
Sponosored by MonadPlug
Одам напред, го предводам маршот во чест на загинатите во автобуската несреќа, по мене одат учениците, наставниците, сите тивко плачат… Изгубивме пет деца, ученици од нашето училиште – во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува Метуш Мемеди, наставник по Етика на религии во основното училиште ,,Исмаил Ќемали” во Чаир.

Со растреперен глас наставникот појаснува дека сите се во шок од трагедијата, и денес кога дошле во школските клупи, учениците постојано плачеле.

-Пет прекрасни деца изгубивме од нашето училиште, големи другари, добри ученици. Најмалото девојче беше второ одделение, ученик од шесто, ученик од осмо и двајца ученици од деветто одделение. Бевме кај нивното семејство, тага, тага преголема… Станува збор за семејството Јахи, осум деца изгубија и две мајки. Мајките беа снаи во фамилијата, на едната и починаа четири, на другата две деца. Останатите две деца беа внучиња од брат… Ваква трагедија никогаш никому да не му се случи – раскажува наставникот.

Вели дека директорката на училиштето е во многу тешка состојба и голем шок и не може да зборува. Од утре продолжувале со редовна настава.

-Имаме 1.700 ученици во училиштето, сите се добри другари, добри деца. Преголема тага не покри сите, утрово седат во клупите и сите тивко плачат, ова е претежок настан. Во спомен на изгубените животи, во знак на солидарност со фамилиите, се решивме за овој марш, кој ќе го завршиме на плоштадот Скендербег. Жртвите никогаш нема да бидат заборавени – изјавува Мемеди за ТВ21.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта.

„Трајан Целески - ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта. Вечерва свечено го отворивме ова повеќенаменско игралиште кое го носи името на...

Денес, во очи на 11 Октомври, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор.

Денес, во очи на 11 Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна,...

Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на ОН

Со 168 гласа „за“, Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се...