14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаАлександар Маленко: Со 50 денари пијат цел ден едно кафе и расправаат...

Александар Маленко: Со 50 денари пијат цел ден едно кафе и расправаат рекла – кажала!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот пливач и олимпиец Александар Маленко (42) се скраси во Марибор, Словенија.

<

Првиот човек на Пливачката федерација веќе одреден период престојувал во Словенија, од каде е неговата нова сопруга, словенечката пливачка Метка Спаравец, а животот во една европска земја, како што вели, му одговара бидејќи Словенија е во ЕУ, и поради тоа полесно можел да ги извршува своите работни обврски.

Со постојана адреса во Марибор живеам со сопругата и семејството, не сум се преселил, ни работа, ни приватност, но ги споив двете работи на едно место со адреса на едно место. Со свој дом во Марибор можам да бидам секаде на време, а како секој човек и со својата фамилија – раскажа Маленко за естрадниот магазин ,,Бекстејџ”.

Тој секогаш го привлекуваше вниманието на јавноста, најпрвин поради пливачките успеси, а потоа и поради бурниот приватен живот. Околу животот во Македонија, порача дека последните 15 години општеството имало изобличени вредности.

-Секојдневни прифаќања на нездрави вредности на живот ги прикажуваме како основни вредности на живот. Нека си продолжат со рекла-кажала коментари, со 50 денари да пијат едно кафе цел ден и да го лигават, да останат канцер на едно општество кое е пример за губење на својот идентитет.

Растен сум во семејство со здрави општествени вредности, преблагодарен сум на родителите кои ме научија на основните вредности, култура, почит, дисциплина и одговорност. Тоа се основни работи кои секој родител треба да му ги каже на своето дете! –порача Маленко, кој минатиот месец се ожени по петти пат, а за јавноста откри дека со Метка се запознале пред 26 години, на ЛОИ во Атланта.

Вики Клинчарова Fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...