17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Кирил Пецаков се обрати на 12тата Иванов Школа за млади лидери

Градоначалникот Кирил Пецаков се обрати на 12тата Иванов Школа за млади лидери

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, се обрати пред учесниците на 12тата Школа за млади лидери под покровителство на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

На мое огромно задоволство ја имав честа да бидам дел од завршната церемонија на 12тата Иванов Школа за млади лидери која се одржува под покровителство на Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија

Годинешната тема “Лидерство во акција”, тематски, а верувам и содржински, се поклопува со предизвиците со кои се соочува Македонија, како на внатрешен, така и на надворешен план. Живееме во време кога широка и коренита општествена акција, ни е насушно потребна. Но, во исто време бара рационални и мудри одлуки кои ќе имаат далекусежни позитивни последици за севкупниот развој на Македонија и нејзиното етаблирање како просперитетна држава.

Се надевам дека оваа школа како расадник на лидери ќе продолжи и во иднина по патот кој го има одамна трасирано”, напиша Пецаков на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...