29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветХоландија од утре воведува нови мерки: Кафулињата се затвораат по 20 часот,...

Холандија од утре воведува нови мерки: Кафулињата се затвораат по 20 часот, повеќето продавници по 17 часот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Холанската влада донесе одлука од утре да воведе дополнителни ограничувања, вклучувајќи и ноќно затворање на кафулињата, рестораните и повеќето продавници, за да го запре рекордниот раст на случаите на Ковид-19, што се заканува да го урне здравствениот систем на земјата.

<

До зголемување на бројот на новозаразени лица во Холандија, што е најлошо во Западна Европа, се случува иако е вакцинирана 85 отсто од возрасната популација во земјата, а инфекцијата најмногу расте кај учениците кои не биле вакцинирани.

Дневниот број (на заразени лица) е висок, повисок, највисок, рече привремениот премиер Марк Руте на прес-конференција емитувана на телевизија. „Тоа значи дека не можеме да ја подобриме ситуацијата со само неколку мали прилагодувања.

Актуелниот бран на зарази во Холандија, што во последните недели надминува по 20.000 случаи на ден, продолжи и покрај ограничувањата од владата на Руте, кои вклучуваат повторно носење маски за лице и затворање кафулиња и ресторани по 20 часот.

Руте на вчерашната прес конференција кажа дека продавниците што не се клучни за населението ќе бидат затворени од 17 часот до 5 часот наутро и дека маските за лице ќе бидат задолжителни во средните училишта.

Владата ги охрабрува сите кои можат да работат од дома, а доколку не можат, мора да се придржуваат до правилата за социјално дистанцирање.

Дел од експертите тврдат дека ќе биде потребно кратко, но речиси целосно затворање, во кое ќе бидат опфатени училиштата, за да се намали бројот на заразени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...